Современ англиски јазик 1 и 2 – Академско пишување
Современ англиски јазик 3 и 4
Во октомври 2006 се запишав на додипломски студии при Катедрата за англиски јазик и книжевност, Филолошки факултет ,,Блаже Конески“ и дипломирав во јуни 2010. Во ноември 2011 ги започнав студиите од втор циклус, исто при Катедрата за англиски јазик и книжевност во областа Наука за јазик, а во 2015 ги завршив постдипломските студии и ја одбранив магистерската теза под наслов ,,Усвојувањето на слабите и јаките форми на англиските граматички зборови од страна на македонските изучувачи на англискиот јазик“.
Работно искуство
Во периодот од 2010 до 2014 година бев ангажирана при Катедрата за англиски јазик и книжевност како надворешен соработник – демонстратор по предметите Морфологија на англискиот јазик, Фонетика и фонологија и Современ англиски јазик 1 и 2, а во учебната 2013-2014 и при Катедрата за преведување и толкување за предметот Англиски јазик Б. Во наредниот период од 2013 до 2018 бев ангажирана на програмата за нематични факултети: Факултетот за ликовни уметности (2013-2014) и Машинскиот факултет (2013-2018). Во меѓувреме работев како наставник по англиски јазик, прво во училиштето за странски јазици Мондо Линк (2010-2013) и ЛингваЛинк (2014-2020), каде држев курсеви на ниво од А0 до Ц2 за возрасни и деца. Од септември 2020 сум вработена како лектор при Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметот Современ англиски јазик. Од ноември 2020 сум исто така и волонтер во Pronunciation Special Interest Group (PronSIG) на меѓународното англиско здружение IATEFL.
Учество во проекти
– ноември 2020 – до денес: Еразмус+ проектот Развивање на програма за додипломски и последипломски студии по применети јазици (DAFLS: Developing Applied Foreign Language Skills).
– март – јуни 202: учество во проектот Психосоцијална поддршка за наставниците и студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје во време на пандемија.
Други ангажмани
Во последните три години, сум учествувала на следниве конференции:
– PronSIG 2023 October Conference (14 октомври 2023 – коавтор),
– EPIP 7: 7th International Conference on English Pronunciation: Issues and Practices (18-20 мај 2022 – коавтор),
– ESIDRP: English Studies at the Interface of Disciplines: Research and Practice (8-9 април 2022 – коавтор),
– ELTAM MK 11th International conference (18 октомври 2021 – автор),
– PronSIG 2020 October Conference (4 октомври 2020 – автор).
Библиографија на научни и стручни статии:
Блог
Линкови
LinkedIn Profile: https://www.linkedin.com/in/ivana-duckinoska-mihajlovska-49339a86/