EMAIL: kalina.maleska@flf.ukim.edu.mk
prodekannastava@flf.ukim.edu.mk
Дипломирала на Катедрата по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, каде што исто така магистрирала и докторирала во областа Наука за книжевност. Нејзиниот магистерски труд се занимава со деконструкција на тексуалната логика во избрани дела, додека во докторскиот труд го истражува феноменот на моќта во избран корпус од современата литература.
Раководител е на неколку научни проекти, меѓу кои Подобрување на функционалната писменост во средното образование во Р. С. Македонија, којшто го организира Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ почнувајќи од 2023 година ; Преглед на македонската книжевност во првите две децении на 21. век, од 2017 година натаму;
ко-раководител заедно со професорите Ладислав Цветковски и Игор Сековски на проектот Визуелизација на современата македонска книжевност, кој претставува соработка меѓу Факултетот за ликовни уметности и Филолошкиот факултет.
Исто така учествува и во повеќе домашни и меѓународни проекти. Коуредничка е на збирката Awake not Sleeping: Reimagining Fairy Tales for a New Generation која произлезе од истоимениот меѓународен проект во организација на UN Women ECA Regional Office, што се одвива во два дела од 2020-2024, а со кој раководи Анџела Х. Волш. Од другите проекти може да се издвојат: “Gender equality today for a sustainable tomorrow” („Родова еднаквост денес за одржливо утре), во организација на Канцеларијата на UN Women во Скопје, февруари-март 2022; во проектот “Graphic Novels 101”, во организација на Regional English Language Office (Budapest) and the US Embassy – Skopje, а чиј координатор беше Искра Стаменковска (септември 2015-јуни 2016); Introducing Media Literacy to Future Philologists (Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост) (2022-2023) на Филолошкиот факултет, со раководител Кристина Н. Николовска, проект кој е дел од програмата „Младите размислуваат“, којашто е финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а ја спроведува ИРЕКС во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ); во проектот Психосоцијална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во услови на пандемија, март-јуни 2021, како и во други проекти.
Била на студиски престои во Мазариковиот универзитет во Брно (Чешка) и во Универзитетот на Љубљана (Словенија). Учествувала на бројни меѓународни конференции, а спроведувала и работилници во областа на креативно пишување, како и пишување академски есеи и дипломски трудови.
Малеска е и писателка, која има објавено неколку романи и збирки раскази, учествувала во повеќе книжевни фестивали а нејзини раскази се преведени на англиски, германски, италијански, српски и други јазици. Врз основа на два нејзини раскази се направени и куси претстави за деца од страна на театарот за деца Сенки и облаци. Се занимава и со книжевен превод.
Книги (научни):
Книги (книжевни дела):
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии (избрани библиографски единици):
Линкови