прв циклус студии:

  • Современ македонски јазик 1 (турски јазик)
  • Вештини на правилно пишување
  • Старословенски јазик 1
  • Современ македонски јазик 2 (турски јазик)

  • Култура на говор

  • Старословенски јазик 2

втор циклус студии:

  • Лингвистиката и македонистиката

  • Историја на македонскиот јазик со дијахрониска лингвистика

Марија Паунова е родена во Скопје, каде што завршила основно и средно образование. Во учебната 1997/98 година се запишала на Филолошкиот факултет во Скопје на групата за македонски јазик и јужнословенски јазици (наставна насока). По завршувањето на студиите работи како демонстратор на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје, а од 2003 год. е вработена како помлад асистент на Катедрата. Во 2009 г. го одбранила магистерскиот труд на тема: Деклинација на именките во црковнословенските ракописи од македонска редакција и е избрана за асистент по предметите Старословенски јазик и Современ македонски јазик. Докторската дисертација под наслов Културолошки аспекти на натписите и на записите на црковнословенски јазик во Македонија (од 14 до 18 век) ја одбранила во 2014 година. Во моментов е вонреден професор на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици.

Од вработувањето на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” па до сега, д-р Паунова одржува(ла) настава по Старословенски јазик, Современ македонски јазик, Граматика на македонскиот јазик, Македонски јазик за странци, Македонски јазик – култура на говор, Македонски јазик – вештини на правилно пишување, Правопис и правоговор на македонскиот јазик за повеќе јазични групи на Филолошкиот и на Филозофскиот факултет. На Факултетот за физичка култура во Скопје од 2003 до 2007 г. одржувала настава по Македонски јазик-култура на говор. Од академската 2017/2018 г. е вклучена во одржување настава, предавање и вежби, по предметот Вештини на правилно пишување за студентите од Машинскиот факултет во Скопје. Учествува и во одржување настава на втор циклус студии од студиската програма Македонски јазик.

Д-р Марија Паунова има објавено над 40  научни/стручни трудови од областа на македонистиката во домашни/странски списанија и зборници; две монографии и три коавторски прирачника. Настапувала на многу конференции во земјава и во странство (Будимпешта, Анкара, Букурешт, Валона, Париз, Брно, Белград, Рим, Вроцлав, Врњачка Бања, Гранада, Конин).

Учествувала во осум научно-истражувачки проекти, како домашни, така меѓународни и билатерални. Остварила три студиски/истражувачки престои во странство (на Институтот за славистика при Словачката академија за науки во Братислава, Словачка (2009); на Катедрата за култура, религија и историја на Универзитетот Сапиенца во Рим, Италија (2011) и во Националната библиотека ,,Св. Кирил и Методиј” во Софија). Во рамките на програмата Ерасмус+ за мобилност на наставен кадар, по покана на ИНАЛКО, Париз, одржала циклус (4) предавања во 2018 г. Од 2003 година д-р Паунова е лиценциран лектор по македонски јазик. Во рамките на ЦЕТИС МАК е сертифициран составувач и оценувач на тестови по македонски јазик како странски. Во периодот од 2006 до 2019 година била лектор по македонски јазик на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Од 2017 до 2021 год. била член на Советот за македонски јазик при Владата на Северна Македонија.  

Книги (научни – автор/коавтор):

 

  1. Деклинација на именките во црковнословенските ракописи од македонска редакција. Скопје: УКИМ, Филолошки факултет Блаже Конески, 2011.
  2. Јазичните особености на кирилските епиграфски споменици во Македонија. Скопје: Датапонс, 2019.
  3. (коавтор со Лидија Аризанковска и со Анета Дучевска) Прирачник за кандидатите на тестот по македонски јазик како странски (ТЕМАК), според потребите на целната група за напреднато рамниште. Скопје: Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј, Филолошки факултет ,,Блаже Конески, 2012.
  4. (коавтор со Лидија Аризанковска и со Анета Дучевска) Прирачник за составувачите на тестот по македонски јазик како странски (ТЕМАК), според потребите на целната група за напреднато рамниште. Скопје: Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј, Филолошки факултет ,,Блаже Конески, 2012.
  5. (коавтор со Лидија Аризанковска и со Анета Дучевска) Прирачник за оценувачите на тестот по македонски јазик како странски (ТЕМАК), според потребите на целната група за напреднато рамниште. Скопје: Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј, Филолошки факултет ,,Блаже Конески, 2012.

Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):

  1. ,,Declension of Nouns in the Texts from the Ohrid Literary School”. Paper presented at First Central Europian Student Conference in Linguistics, May 29-31, 2006, Budapest, Hungary (http://www.nytud.hu/cescl).
  2. ,,Морфолошка хомонимија во деклинацијата на именките во старословенските и во црковнословенските текстови“. Зборник на трудови од Петтиот научен собир на Млади македонисти. Скопје: Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј, Филолошки факултет ,,Блаже Конески, 2007, 177-192;
  3. (коавтор со Бисера Павлеска) „The Turkish Lexis in the Macedonian Language“. Cluj-Napoca: Universitatea ,,Dimitrie Cantemir“, Din Tîrgu Mureş, vol I, 2007, 507-516;
  4. ,,Declension of the nouns in the Church Slavonic Texts of Macedonian Recension”. Constantine’s letters 3/2010. Bratislava, 130-138;
  5. ,,Охридските традиции и јазикот на натписите во црквите во македонија“. Зборник на трудови од Четвртата научна средба во чест на Св. Климент. Скопје: НУБ, 2010, 93-111;
  6. ,,Syntactic Errors among the Albanian L2 learners of Macedonian“, Proccedings of the First International Conference on Language, Culture and Literary Studies ,,The Said and the Unsaid”, Department of Foreign Languages, Faculty of Humanities, University of Vlora, Albania, 11-13 September 2010: Vlora 2011, 139-150;
  7. ,,Изучување на македонскиот јазик како странски/втор (состојби, потреби, задачи)“, во: Зборник од Интернационалната конференција Изучување на јужнословенски јазици во денешна Европа, Масариков универзитет, Брно, Чешка, 18-19 април 2011: Brno, Porta Balkanica 2011, стр. 160-168;
  8. „On the loosening of the synthetic flexion (frоm Old Church Slavonic until Contemporary Macedonian Language)“. Paper presented at „Langues et Historieˮ, Universite Paris-Est Creteil, 14-15 June, 2012.
  9. ,,Грешки во синтаксичката продукција при изучување на македонскиот како странски/втор јазик“, во: Зборник од Интернационална конференција Изучување на јужнословенски јазици во денешна Европа, Масариков универзитет, Брно, Чешка, 26-27 март 2012: Opera Slavica, 3/2013, Brno, 308-317;
  10. ,,Деклинација на именките во ктиторските натписи во Македонија“, сп. Славистички студии бр.15-16 (2012-2013), Скопје 2013, стр. 183-191;
  11. ,,Аграматизам при изучување на македонскиот како втор јазик“, IV. по ред конференција, Изучувањето на јужнословенските јазици и литератури во денешна Европа, Department of Slavonic Studies, Section of South Slavonic and Balkan Studies, Brno, Českа, 30 мај – 1 јуни 2013: Porta Balcanica, Brno 2014, 563-570;
  12. ,,Словенските натписи во Охрид во трудовите на В. И. Григорович”, во: Зборник на трудови од Меѓународниот научен собир Кирилометодиевската традиција и македонско-руските духовни и културни врски, Охрид, 3-4 октомври 2013, УКИМ, Скопје 2014, стр. 279-286;
  13. ,,Македонско-словенечки врски од историски аспект”, во Годишен зборник на Филолошкиот факултет Блаже Конески, кн. 39-40, Скопје 2014, стр. 373-383;
  14. ,,Самуиловиот натпис како најстар кирилски епиграфски споменик од Македонија”, Зборник од конференцијата Самуовата држава во историската, воено-политичката, духовната и културната традиција на Македонија, Струмица 2015, 247-258;
  15. ,,Придонесот на српската наука во афирмирање на македонското епиграфско богатство”, Шести меѓународен научен собир на тема „Врските меѓу Р. Македонија и Р. Македонија низ вековите и денес“, Битола 2015, 375-380;
  16. ,,Придонесот на проф. Р. Угринова-Скаловска во афирмирање и проучување на македонската средновековна епиграфика“, Зборник по повод 90-години од раѓањето на проф. Угринова-Скаловска, УКИМ, Филолошки факултет, Скопје 2016, 179-190;
  17. ,,Јазикот на кирилската епиграфика во Македонија“, во Зборникот на трудови од Меѓународната научна конференција „Македонистиката меѓу традицијата и современите предизвици“, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ 2017, стр.397-497;
  18. ,,Кон статијата За натписот на црквата Св. Никола во село Стрезовце, Кумановско од Кита Бицевска“, Славистички студии бр.18, Скопје 2018, 153-157;
  19. ,,Графити срца“, Jezik, kњiжevnost i emocije, Alfa BK univerzitet, Apollo Graphic Beograd, 2019, 193-209;
  20. „Graffiti as a text“, KNOWLEDGE-International Journal, Vol.30, стр.1209-1216, GIF 1.322 (2019), ISSN-1857-923X;
  21. „Графитите како комуникациски пораки“, Зборникот од предавања на LII летна школа на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура охрид, 4 – 23. 8. 2019 година, 121-132, Скопје 2020;
  22. „Графитите како дел од материјалната култура на македонскиот народ (дијахронија и синхронија)“, Зборник на трудови од научниот собир ФОЛКЛОР-ТРАДИЦИЈА-ЈАЗИК, 97-106, Скопје, 2020;
  23. „Македонскиот јазик во јазикот на графитите“, New Trends in Slavic Studies, 247-252, Москва, 2020;
  24. „Језични пејзажи у урбаним срединама“, Alfa BK univerzitet, Apollo Graphic Beograd, 2021, 80-93;
  25. „Македонски лингвокултуролошки материјал (дијахронија и синхронија)“, Зборник-предавања на LV Lетна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, УКИМ, Скопје, 2023, 113-123;
  26. „Кон Црковнословенскиот јазик на фреските од Македонија од Блаже Конески“ во Зборникот од Меѓународниот научен собир „100 години Блаже Конески, 13-14 декември 2021 година, УКИМ, Флф, Скопје 2023, 215-224;
  27. „Историја на проучување нa македонското епиграфско богатство од страна на руските научници“, Славистички студии бр. 22, Скопје 2023;
  28. „Интересот на Вангелија Десподова за развојниот процес од синтетизам кон аналитизам во македонскиот јазик“, Зборникот посветен на д-р Вангелија Десподова, Институт за старословенска култура, труд во печат;
  29. „Кон деклинацијата на именките во текстовите со правна содржина“, Славистички студии бр. 23, труд во печат;
  30. „Hybrid formations in Macedonian language as a result of Turkish language influence“, Зборник од меѓународната конференција “C&C 2023 – Languages in Cultural Perspectives: Practices, Discourses, Cognition” held online on 27-29 March 2023, Konin, Poland, труд во печат.