Преглед на македонските дијалекти 1 и 2
Карактеристики на македонските дијалекти
Дијалектологија на македонскиот јазик
Македонскиот јазик во балкански контекст
Балканска лингвистика
Македонските дијалекти во географски и социолингвистички контекст
Современи лингвистички проучувања
Урбана дијалектологија
EMAIL: markovic@ukim.edu.mk
Марјан Марковиќ дипломирал на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во 1991, а магистрирал во 1995 г. под менторство на акад. Божидар Видоески. Во 2000 година ја одбранил докторската дисертација Говорот на Ароманците Фаршероти во охридско-струшкиот регион (во балкански контекст), под менторство на проф. д-р Виктор Фридман.
Од 1992 до 1995 г. работи во МАНУ како стручен соработник на проектот Меѓународни лингвистички атласи под раководство на акад. Б. Видоески. Во 1995 г. се вработува на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, како асистент, а по докторирањето е избран за доцент во 2001 г., вонреден професор во 2006 г., а од 2011 г. е избран за редовен професор по предметите од областа на дијалектологијата на македонскиот јазик, балканска лингвистика и современ македонски јазик. Во 2003-2004 г. ја врши функцијата продекан за настава, а во 2008-2009 г. продекан за меѓународна соработка. Во 2013 г., Марковиќ ја добива наградата за најдобар научник на УКиМ. Во 2015 г. е примен за дописен член на МАНУ. Во 2022 г., проф. д-р Марјан Марковиќ е избран за редовен член на МАНУ.
Во МАНУ, тој ги води проектите Меѓународни лингвистички атласи и Развој на македонскиот граматички систем. Во периодот од 2016 до 2024 г. е раководител на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ. Тој ја раководи и работата врз дигитализација на лингвистичките материјали во рамките на интернет порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик (http://drmj.manu.edu.mk/).
Проф. д-р Марјан Марковиќ објавил над 130 научни труда и учествувал на повеќе од 70 научни собири и конференции. Тој остварил студиски престои и држел предавања на повеќе странски универзитети и научни институции: Институтот за полски јазик при ПАН во Краков, Универзитетот во Хелсинки, Финска, Универзитетот во Чикаго, САД, Универзитетот во Токио и Универзитетот во Хокаидо, Јапонија; Универзитетот во Гент, Белгија; Универзитетот во Белград, Србија; Австриска академија на науките, и други.
Проф. д-р Марјан Марковиќ е претседател на Македонската национална комисија на Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА), член на Меѓународниот борд на Европскиот лингвистички атлас (ALE), член на Меѓународната комисија на ОЛА при Меѓународниот комитет на славистите, член на Меѓународната комисија за балканистика при МКС, како и член на Меѓународната комисија за словенски јазични контакти.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):
https://ispan.waw.pl/journals/index.php/sm/article/view/sm.2015.007/1413
http://apcz.umk.pl/czasopisma/index.php/LinCop/article/view/LinCop.2016.002/12440
Линкови:
Дигитални ресурси на македонскиот јазик – http://drmj.manu.edu.mk/
Дигитални ресурси на македонските дијалекти