прв циклус студии:

  • Култура на писменото изразување на македонски јазик

  • Основи на семантиката

  • Граматичка семантика

  • Македонски јазик 1 A

  • Македонски јазик 2 A

  • Македонски јазик и новинарска стилистика (на студиите по Новинарство, на Правниот факултет„Јустинијан Први“)

втор циклус студии:

  • Лингвистиката и македонистиката

  • Актуелни лингвистички проучувања на современиот македонски јазик

  • Лексичка семантика

  • Лингводидактика

  • Македонски јазик и култура (на студиите по Конференциско толкување)

трет циклус студии:

  • Семантичките и граматичките категории во македонскиот јазик,

  • Структура и организација на лексичкиот систем на македонскиот јазик Социолингвистиката и наставата по јазик

  • Семантика, прагматика и комуникација  (на студиската програма Комуникации и медиуми, на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања)

Родена е во Скопје, каде го завршила основното и средното образование, Дипломирала на групата Македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје (1990), магистрирала (1996) на тема „Глаголите на зборување во современиот македонски јазик“, а докторирала (2005) на тема „ Семантика на примарните телични глаголи во македонскиот јазик“.

Во рамки на своето научно и стручно усовршување, била на повеќе пократки и подолги студиски престои на различни универзитети во Полска (Краков, Варшава), Чешка (Прага), Германија (Мајнц), Белгија (Брисел), Хрватска (Загреб, Ријека), Велика Британија (Лондон) и САД (Вашингтон,Чикаго, Филаделфија, Билингс, Феникс).

Била повеќегодишен лектор и предавач на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид (од 1996 г. до денес), како и предавач на Меѓународната летна школа за словенски и источноевропски јазици – SWSEEL (Summer School of Slavic and East European Languages) на Универзитетот Индијана во Блумингтон, САД во 2001 година.        Проф. Тофоска одржала и предавања по покана во странство: на Катедрата за славистика на Универзитетот во Истанбул, на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, во Српската академија на науките и уметностите (Белград), на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб и  на Универзитетот во Ријека.

           Учествувала во десетина национални и меѓународни научноистражувачки проекти: Целокупни дела на Блаже Конески (критичко издание),Македонска академија на науките и уметностите (2010-2022); Местото на македонскиот јазик во словенскиот и во балканскиот јазичен свет, ИЦАЛ, МАНУ (2001 до денес); Граматички опис на македонскиот јазик ИЦАЛ, МАНУ; Правопис на македонскиот стандарден јазик, Министерството за култура на РМ (2013-2015); Психосоцијална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во услови на пандемија, (2021); Јазици, книжевности, култури: образовни политики во функција на современото општество, Филолошки факултет „Блаже Конески“; Изучување на јазиците на другиот / активни студенти за општествена кохезија, Филолошки факултет „Блаже Конески“ (2018-2019); во билатералниот проект со Универзитетот Метрополитен од Лондон и Британскиот совет во Македонија, за изработка на стандардизиран тест и обука за континуиран професионален развој за преведувачите и толкувачите во јавната и државната администрација; два меѓународни проекти од прогрaмaтa ТЕМПУС и еден од прогрaмaтa УНEСКО, поврзани со основање на Центарот за тестирање и сертифицирање на познавањето на македонскиот јазик како странски/втор јазик, надградување на студиските програми по македонски јазик како странски и создавање процeдури зa тeстирaњe на мaкeдонскиот jaзик кaко стрaнски jaзик спорeд eвропски стaндaрди; во билатералниот проект со Универзитетот во Загреб, Хрватска Положбата на македонскиот и на хрватскиот јазик во образовниот систем на повеќејазични средини (2007-2009); Глaголскиот вид (aспeктот) во мaкeдонскиот jaзик (1994-2003) и др.

Има учествувано на 50-тина меѓународни конференции, од кои голем број одржани во странство: Белград, Загреб, Ријека, Задар, Гетеборг, Варшава, Вроцлав, Краков, Чикаго, Филаделфија, Билингс, Феникс, Сапоро.

            Проф. Тофоска била член или претседател на организацискиот одбор на повеќе домашни и меѓународни научни собири и конференции одржани на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”во Скопје. Била долгогодишен член на редакцискиот одбор на списанието Литературен збор, а негов главен уредник во периодот 2014 – 2019. Рецензент е на повеќе монографии и на статии во меѓународни научни списанија.

Книги:

  1. Прилози за современиот македонски јазик. (Целокупни дела на Блаже Конески, критичко издание), том 12 (приредувач, заедно со Е Петроска,) на. Македонска академија на науките и уметностите, Скопје 2022, Скопје. 600 стр.
  2. Граматика на македонскиот литературен јазик. (Целокупни дела на Блаже Конески, критичко издание), том 11 (приредувач, заедно со Е Петроска,). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, 2021.
  3. Од проблематиката на глаголскиот вид: Семантика на теличните глаголи во македонскиот јазик, (автор). Скопје: самостојно издание, 2017.
  4. Правопис на македонскиот јазик. (дел од авторскиот тим). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.2015
  5. Преглед на видските форми на почестите глаголи во македонскиот јазик (во коавторство со К. Велјановска, А. Дучевска и Л. Танушевска (прирачник). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, 2007,

Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):

  1. „За граматичките и (лексичките) статии на Конески во граматиката и пред неа“ (коавторство со Е. Петроска, Б. Карапејовски, Б. Петревски). Меѓународен научен собир „100 години Конески“. Филолошки факултет „Блаже Конески“. Скопје: 2023, 223-231.
  1. „Префиксните зборообразувачки модели на глаголите на движење во македонскиот јазик“. Јужнословенски филолог, књ. LXXVIII, св. 2, Беoград 2022, 517-529.
  2. „Значењето на Блаже Конески за развојот на современиот македонски јазик“ (коавторство со Е. Петроска). Прилози на ОЛЛН, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје 2022, 97-102.
  3. „Блаже Конески и јазичната норма на македонскиот јазик“.Предавања на LIV меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 15 август до 1 септември 2021,  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2022, 142-151.
  1. „За семантиката и синтаксата на глаголот МИСЛИ во македонскиот јазик“. Прилози на ОЛЛН, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје 2021, 325-340.
  2. Учтиви барања во говорот на младите во македонскиот јазик“ (зборник за Кристина Крамер) In: Balkanistica 32: 2, 2019, The University of Mississippi Printing Services of University (Oxford) Mississippi, USA, 2019, 303-313.
  3. “Što se hoće, šta se želi, koga se voli“- хрватски и полски еквиваленти на македонскиот глагол сака“,„Komparativnoslavističke lingvokulturalne teme“, Zagreb 2019: Srednja Europa, 357-365.
  4. „Семантичко-синтаксичка анализа на глаголот БАРА во македонскиот јазик“. X македонско-северноамериканска конференција за македонистика, Охрид – Конгресен центар, 30.08. – 01.09. 2018 година, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2019, 59-72.
  5. За семантичките улоги на аргументите кај некои глаголски предикати“, Литературен збор LXVI, 1-6, Скопје 2019, 97-107.
  6. „Семантичка деривација кај префиксите во македонскиот јазик“ во Реферати на македонските слависти на XVI меѓународен славистички конгрес во Белград (20-27 август 2018), ИМЈ „Крсте Мисирков“,Скопје 2018, 65-80.
  7. Глаголот САКА и неговите полски еквиваленти (chcieć,lubić,kochać)“, Folia Philologica Macedono-Polonica, т. 9-10. Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје 2018, 51-61.
  8. „Личните имиња во македонските и албанските фразеологизми“ (со Б. Павлевска-Георгиевска, Ј. Шемко-Георгиевска), СЛАВОФРАЗ 2017 „Имињата и фразеологијата“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје 2018, 301-309.
  9. „ Функцијата на префиксите во определување на видското значење на глаголите во македонскиот јазик“.In: Balkanistica 30:2 (2017), The University of Mississippi Printing Services of University (Oxford) Mississippi, USA, 2017, 351-372.
  10. За значењата на префиксот ИЗ- во современиот македонски јазик“. Зборник во чест на проф. д-р Радмила Угринова-Скаловска по повод 90-годишнината од раѓањето, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“ 2016, 261-275.
  11. Independent Directive da -constructions with Imperfect in Macedonian, Rocznik Slawistyczny (Revue Slavistique) t. LXIII, Warszawa: PAN, 2015, 141-157.
  12. “Telicity as Semantic Aspectual Category” во Verbal Aspect: Grammatical meaning and context. (red. Bennachio R.), Die Welt der Slaven, Munchen: Verlag Otto Sagner Press 2015, 519-529.
  13. Профилот на учениците што го изучуваат македонски јазик како втор“ (коавтор со Е.Петроска и Љ. Боцевска). Prvi, drugi, ini jezik: hrvatsko-makedonske usporedbe, ur. L. Cvikić i E. Petroska/ Прв, втор, друг јазик: хрватско-македонски споредби, ур. Л. Цвикиќ и Е. Петроска, Zagreb: Hrvatsko filološko društvo, 2013, 126-136.
  14. „Варијантноста и глаголите на зборување при прекажување во македонскиот јазик“ во XXXIX научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид јуни 2012. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, 2013, 203-211.
  15. „MОРА- епистемичката модалност и евиденцијалноста во македонскиот јазик“ (со Е. Петроска). XXXVIII научна конференција на на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид јуни 2011. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, 2012, 111-118.
  16. „Лексичките показатели за прекажана евиденцијалност во македонскиот и во полскиот јазик“ (со Е. Петроска), Folia Philologica Macedono-Polonica, tom 8 (зборник од VIII Македонско-полска конференција, одржана во октомври 2009), Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“ 2011, 521-532.
  17. Теличноста како семантичка видска категорија“, Прилози на Одделението за лингвитика и литературна наука, бр. XXXVI, Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, 2011, 267-290.
  18. Глаголскиот вид во учебниците по македонски како втор и како странски јазик“, Зборник во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова по повод 70-години од раѓањето, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2009, 57-62.
  19. “Glagolski sustavi u hrvatskomu i makedonskomu kao drugomu i stranomu jeziku” (со Z. Jelaska i L.Cvikić), Меѓународен македонистички собир, Охрид 1-3 септември 2008. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2010, 153-166.
  20. Основни средства за изразување сегашност во хрватскиот јазик“, Сегашност како лингвистички поим, Морфосинтаксички студии I, Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, Истражувачки центар за ареална лингвистика, 2010, 63-72.
  21. „Основни средства за изразување сегашност во словенските и балканските јазици“, (со Е. Петроска). Сегашност како лингвистички поим, Mорфосинтаксички студии I, Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, Истражувачки центар за ареална лингвистика, 2010, 165-179.
  22. „Начини на изразување благослови во македонскиот и во албанскиот јазик -сличности и разлики“, (со Ј. Шемко) во Зборник на трудови од научниот собир „Културата и јазикот“, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2009, 251-262.
  23. „За една група деструктивни глаголи“. Folia Philologica Macedono Polonica, том 6, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Филолошки факултет „Блаже Конески”, 2006, 93-102.
  24. „За еден тип креативни глаголи“. Македонскиот глагол- синхронија и дијахронија, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2001, 134-143.
  25. „Префиксални деривати од глаголскиот корен говор-“, Македонски јазик 1991-1993, Скопје 1998, 325-347.
  26. „Семантика на ИМА -перфектот во македонскиот јазик во зависност од глаголскиот вид.“  Славистички студии бр. 6-7, Скопје 1995, 104-111 стр.