прв циклус студии:

  •  Англиски јазик Б1
  • Англиски јазик Б2
  • Толкување од македонски на англиски јазик и обратно 1
  • Толкување од македонски на англиски јазик и обратно 2
  • Толкување од македонски на англиски јазик и обратно 3
  • Толкување од македонски на англиски јазик и обратно 4

втор циклус студии:

  • Консекутивно толкување од македонски на англиски јазик
  • Консекутивно толкување од англиски на македонски јазик
  • Симултано толкување од македонски на англиски јазик
  • Симултано толкување од англиски на македонски јази

Во 2009 година започнува со работа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје како стручњак од практика, а од 2015 година е вработена како лектор по англиски јазик на факултетот. Со писмен превод, како и со консекутивно и симултано толкување активно се занимава од 2003 година до денес и работи со бројни клиенти меѓу кои: Светска банка, Светска здравствена организација, Меѓународна организација на трудот, УСАИД, Британскиот совет во Македонија, Вестминстерска фондација за демократија, EUFound, Стопанска комора на Македонија, Младински образовен форум и други.

 

Таа зема учество во два меѓународни проекти. Едниот насловен Можности за зајакнување на емоционалната интелигенција како генеричка компетенција кај студентите по преведување и толкување од 2016 до 2018 година, а вториот насловен Интеракција со толкувачи во транзитни зони за бегалци: градење на капацитети и подигнување на свеста во контекст на високото образование (РеТранс) кој започна во 2022 и сè уште е во тек.

 

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје работи како член во бројни комисии и работни групи меѓу кои и Комисија за составување и прегледување на тестот за проверка на знаењата и умеењата за кандидатите кои ќе конкурираат за запишување на студиската програма по преведување и толкување, Конкурсна комисија за реализација на Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии на студиските програми на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Работна група за Акредитација на нови студиски програми на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за учебната 2023/24 година, Комисија за евалуација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и други.

 

Исто учествува и на научни конференции со трудови со оригинални научни резултати меѓу кои ќе ги наброиме следниве: VII меѓународна научна конференција „МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК – ИЗВОР НА НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА“, Скопје, 2022, Меѓународен симпозиум „40 години Катедра за турски јазик и книжевност“, Скопје 2017, 2nd INTERNAITONAL CONFERENCE ON SOCIAL SCIENCES AND HUMANITIES (ICSSH2017) – “Changing the world: Challenges, Opportunities and Responsibilities”, Скопје 2017, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, XLIII Научна конференција, Лингвистика, Охрид, 25-26 јуни 2016, Меѓународна научна конференција „ФИЛКО“, Штип, 2016.

Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):

  1.  The Importance of Collocations in Teaching English for Specific Purposes, Palimpsest 2022
  2. Улогата на поединечните варијабли и социоекономијата во усвојувањето на втор јазик, Литературен збор, 2022
  3. Примената на стандардите на етичко однесување во науката во делото Етика на науката на Дејвид Б. Ресник во Република Северна Македонија, Зборник на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје од VII меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, Скопје 2022
  4. Problems in Interpreting Collocations from Macedonian into English and Vice Versa, Современа филологија//Journal of Contemporary Philology, Скопје 2022
  5. Споредбена анализа на турцизмите во делото Будалетинки на Мето Јовановски, KNOWLEDGE International Journal, Vol. 30, Врњачка Бања, 2019
  6. Translations of the adverbial of manner така, Зборник трудови од Меѓународна научна конференција ICSSHU, Скопје, 2019
  7. Лелекот на леле во Пиреј од Петре М. Андреевски, Зборник трудови од XLIII Меѓународна научна конференција на XLIX Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид 2016
  8. Морфосинтаксата и местоположбата на прилошките определби за начин во англискиот и во македонскиот јазик, Зборник трудови од Меѓународна научна конференција „ФИЛКО“, Штип, 2016
  9. Прилошки определби за начин во англискиот и во македонскиот јазик – контрастивна анализа, (резиме од магистерскиот труд), Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, бр. 41-42, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, 2016
  10. Прилошки определби за начин во англискиот и во македонскиот јазик – Литературен збор, бр. 4-6, 2015