Дипломирала во 1991 год. како „Професор по француски јазик и книжевност со англиски јазик и книжевност“ на истиот факултет. Магистерскиот труд (L’emprunt français en macédonien) го брани во 1995 год. на Универзитетот „Нова Сорбона Париз III“ – Париз (Université de la Sorbonne Nouvelle Paris III – Paris), а во 2005 год. се стекнува со научниот степен „доктор на филолошки науки“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје по одбраната на докторската дисертација Романизмите во македонскиот јазик. Работи на Филолошкиот факултет од 1992 год., и со текот на нејзиното академско усовршување се стекнува со звањата помлад асистен, асистен, доцент, вонреден професор и редовен професор. Покрај наставните активности на Катедра за романски јазици и книжевности, и на Катедра за преведување и толкување, вклучена е во научно-истражувачка работа и стручно-апликативната работа во врска со францускиот јазик и толкувањето (консекутивно и симултано). Учествува во повеќе национални и меѓународни проекти. Има објавено голем број на трудови и изданија во земјата и во странство, и учествувала на државни и меѓународни научни конференции, симпозиуми, семинари, итн. со свои оригинални трудови и реферати. Учествува и во усовршувањето на млади истражувачи со менторство и предавања на Магистерските студии за Наука за јазик и Магистерските студии по Конференциско толкување, како и на Докторските студии при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Исто така, таа е преведувач и конференциски толкувач (консекутивно и симултано). Во 2017 год., Француската Република и го доделува одликувањето „Витез во редот на Академските палми“ (Chevalier dans l’Ordre des Palmes académiques) за нејзиниот долгогодишен придонес за францускиот јазик.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (преводи): преводи на голем број стручни текстови и научни трудови
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):
Учество во проекти :
Линкови :
Project “ReTrans – Working with Interpreters in Refugee Transit Zones” funded by the European Union (Project reference: 2021-2-AT01-KA220-HED-000048753) https://www.retrans-interpreting.com/about/
Coluccia, Rosario / Brincat, Joseph M. / Möhren, Frankwalt (éd.), 2016. Actes du XXVIIe Congrès international de linguistique et de philologie romanes (Nancy, 15-20 juillet 2013). Section 5 : Lexicologie, phraséologie, lexicographie. Nancy, ATILF, pp. 9-20. ISBN: 979-10-91460-21-7. http://www.atilf.fr/cilpr2013/actes/section-5.html