ЦЕТИС МАК | CETIS MAK

СООПШТЕНИЕ

 
Испитот по македонски јазик од подготвителната настава за странци ќе се одржи на 28.5.2024 во 11:00 ч. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

До 23.5.2024 (четврток) треба да се уплати на сметката на Филолошкиот факултет следната сума/следните суми:
– кандидатите што посетувале настава во текот на двата семестра треба да уплатат по 64 ЕУ во денарска противвредност,
– кандидатите што посетувале настава во текот на еден семестар треба да уплатат по 80 ЕУ во денарска противвредност,
– кандидатите што не посетувале настава треба да уплатат по 80 ЕУ во денарска противвредност.

Исто така, треба да се имаат предвид и следните информации:
1. Најдоцна до 24.5.2024 (петок) треба да се испратат пополнетата електронска пријава и скенираната уплатницата од банка за уплатени 64 ЕУ или 80 ЕУ во денарска противвредност на адресата:  cetismak@flf.ukim.edu.mk .
2. На денот на испитот треба да се донесат во физичка форма и пријавата и уплатницата.
3. Испитот се изведува писмено, по пат на тестирање и трае најмногу 90 минути.
4. Резултатите од испитот се објавуваат во наредните 48 часа.
5. Сертификатот се издава во термин по договор, а мора да се подигне лично, затоа што е потребен потпис од носителот на сертификатот.
6. Пред испитот треба да се покаже документ за идентификација.
7. Пријавата и уплатницата за испитот се преземаат на следните линкови:

 8. На денот на испитот кандидатите треба да бидат во холот на Филолошки факултет 15 минути пред закажаниот термин.

 
Соопштенија

Подготвителната настава по македонски јазик за странски студенти
на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, започнува на
16.10.2023 (понеделник).
На тој ден кандидатите треба да бидат во 10:45 ч. кај портирницата на
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Странските државјани што имаат потреба од полагање на испитот по македонски јазик (ТЕМАК)
за да се запишат на УКИМ, тоа можат да го сторат: 
22.8.2023 во 10 часот во предавална 1 и 
5.9.2023 во 10 часот во предавална 1
 

Соопштенија

Странските државјани што имаат потреба од полагање на испитот по македонски јазик (ТЕМАК) за да се запишат на УКИМ, тоа можат да го сторат:
1. на 29 јуни 2022 г. во 12 часот на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје,
2. на 12 јули 2022 г. во 10 часот на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје или
3. на 6 септември 2022 г. во 10 часот на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Во врска со пријавата за испит и уплатата од 80 евра во денарска противвредност, повеќе информации можат да се добијат подолу на страницата, во делот „За ТЕМАК“.

Подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (продолжителен курс)

Се информираат кандидатите заинтересирани за подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (продолжителен курс) дека наставата што ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе се одржува со физичко присуство во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Наставата ќе започне на 6.3.2023 г. и ќе трае до 11.5.2023 г. Краен рок за пријавување на кандидатите е 27.2.2023 г.

Цената на чинење изнесува вкупно 25.000 денари, од кои 10.000 денари се уплаќаат на сметка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а 15.000 денари на сметка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (прилог: уплатница за УКИМ и уплатница за ФЛФ).

Двете уплатници заедно со документите:
• копија од извод од матичната книга на родени,
• копија од диплома за завршено средно образование и
• копија од патна исправа – пасош
треба да бидат доставени во Meѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

За повеќе информации, обратете се на:

м-р Евдокија Илијевска (evdokijailijevska@ukim.edu.mk), Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ – Скопје

проф. д-р Гордана Алексова (gordana.aleksova@flf.ukim.edu.mk), раководител на ЦЕТИС МАК при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ – Скопје

Подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (почетен курс)

Се информираат кандидатите заинтересирани за подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (почетен курс) дека наставата што ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе се одржува со физичко присуство во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Наставата ќе започне на 3.10.2022 г. и ќе трае до 9.12.2022 г. Краен рок за пријавување на кандидатите е 26.9.2022 г.
Цената на чинење изнесува вкупно 25.000 денари, од кои 10.000 денари се уплаќаат на сметка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а 15.000 денари на сметка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (прилог: уплатница за УКИМ и уплатница за ФЛФ).

Двете уплатници заедно со документите:
• копија од извод од матичната книга на родени,
• копија од диплома за завршено средно образование и
• копија од патна исправа – пасош
треба да бидат доставени во Meѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

За повеќе информации, обратете се на:
м-р Евдокија Илијевска (evdokijailijevska@ukim.edu.mk), Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ – Скопје
проф. д-р Симон Саздов (s.sazdov@yahoo.com), раководител на ЦЕТИС МАК при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ – Скопје

Испитот по македонски јазик за странски студенти што планираат да се запишат на студии на УКИМ, а не ги слушале двата курса по македонски јазик во огранизација на ЦЕТИС МАК при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во последната учебна година, е закажан за 25 септември 2021 г. (сабота) во 10:00 часот. Сите студенти, со документ за лична идентификација и со оригиналните пријава и уплатница (за уплатени 80 евра во денарска противвредност) треба да бидат во аулата на факултетот во 9:45 часот. Претходно, пријавата и уплатницата, скенирани, треба да ги испратат на електронската адреса s.sazdov@yahoo.com најдоцна до 24 септември 2021 г.
Забелешка: пријавата и урнек за уплатница може да се симнат на следнава врска: https://flf.ukim.mk/cetis-mak-mk/ во делот „За Темак“.

Подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (продолжителен курс)

Се информираат кандидатите заинтересирани за подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (ппродолжителен курс) дека наставата што ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе се одржува онлајн на платформата Зум. Таа ќе започне на 14.3.2022 г. и ќе трае до 19.5.2022 г. Краен рок за пријавување на кандидатите е 7.3.2022 г.
Цената на чинење изнесува вкупно 25.000 денари, од кои 10.000 денари се уплаќаат на сметка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а 15.000 денари на сметка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (прилог: уплатница за УКИМ и уплатница за ФЛФ).

Двете уплатници заедно со документите:
• копија од извод од матичната книга на родени,
• копија од диплома за завршено средно образование и
• копија од патна исправа – пасош
треба да бидат доставени во Meѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

За повеќе информации, обратете се на:
evdokijailijevska@ukim.edu.mk (м-р Евдокија Илијевска, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ –Скопје)
s.sazdov@yahoo.com (проф. д-р Симон Саздов, раководител на ЦЕТИС МАК при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ – Скопје)

За ЦЕТИС МАК

Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик – ЦЕТИС МАК е оформен во 2007 година, во рамките на проект од ТЕМПУС­ програмата.

ЦЕТИС МАК претставува единствен центар од ваков вид во Република Македонија, каде што се врши тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски јазик според европски стандарди.

ЦЕТИС МАК е организациона единица на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во рамките на Факултетот, дејствува во најтесна соработка со Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. а во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Основна дејност на ЦЕТИС МАК е организирање и изведување на Тестот по македонски јазик како странски јазик – ТЕМАК и издавање на соодветен сертификат за нивото на познавање на јазикот.

ЦЕТИС МАК организира и:

  • настава по македонски јазик како странски јазик во соработка со Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици или со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во летните школи;
  • организира обука за овластени испитувачи за заинтересираните кандидати;
  • изготвување на студиски и предметни програми за македонски јазик како странски јазик во соработка со Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици.

TEMAK

Тестот по македонски јазик како странски јазик – ТЕМАК се изведува на почетно, средно и напреднато рамниште.

ТЕМАК им е наменет на говорителите на кои македонскиот им е странски јазик, а кои сакаат да се здобијат со официјален сертификат за степенот на познавање на македонскиот јазик.

ТЕМАК е оформен во согласност со стандардите претставени во Заедничката европска рамка за референтност на јазиците поставена од Советот на Европа во 2001 година. Во таа рамка ТЕМАК за почетно рамниште најблиску му соодветствува на рамништето А1, Темак за средно рамниште најблиску му соодветствува на рамништето Б1, а ТЕМАК за напреднато рамниште најблиску му соодветствува на рамништето Ц1. Положувањето на овој тест му овозможува на кандидатот да добие релевантен документ кој го определува степенот на неговото јазично знаење и официјално го сертифицира.

ТЕМАК опфаќа тестирање на општите јазични познавања на кандидатот во контекст на сите четири јазични вештини, и тоа:

  • слушање (разбирање на говорен текст);
  • читање (разбирање на пишан текст);
  • пишување;
  • зборување.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се врши со пополнување на специјалниот Формулар за пријавување и со уплаќање на предвидената сума на жиро-­сметката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје. За подетални информации обратете се во Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје или кај раководителот на ЦЕТИС МАК, проф. д-­р Гордана Алексова на gordana.aleksova@flf.ukim.edu.mk

Лицата коишто сакаат да го полагаат тестот треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да имаат навршено 18 години;
  • да го познаваат кириличното писмо;
  • да носат со себе документ за лична идентификација на денот на тестирањето.

За ТЕМАК

ЦЕТИС МАК во текот на целата календарска година организира индивидуални и групни тестирања по македонски јазик како странски јазик за почетно, средно и напреднато рамниште.

Сите три теста се состојат од четири дела:

  1. слушање (разбирање на говорен текст)
  2. читање (разбирање на пишан текст)
  3. пишување (способност за создавање кохерентен пишан текст)
  4. зборување (говорна интеракција и говорна продукција).

Заради пријавување на испитот секој кандидат треба да ја пополни следнава пријава, а за стекнување право за полагање испит, секој кандидат треба да ја пополни следнава уплатница, уплатница при што треба да го уплати следниов износ:

  • за почетно рамниште – денарска противвредност на 80 евра по средниот курс на НРБСМ
  • за средно рамниште – денарска противвредност на 100 евра по средниот курс на НРБСМ
  • за напреднато рамниште – денарска противвредност на 120 евра по средниот курс на НРБСМ

Забелешка: На денот на испитот пријавените кандидати се должни да носат со себе документ за лична идентификација (пасош или лична карта), копија од уплатницата и копија од пополнетата пријава.

Контакт

Раководител на ЦЕТИС МАК: проф. д-р Гордана Алексова

Лице за контакт: Андреa Коцев, andreakocev@gmail.com