прв циклус студии:

  • Современ француски јазик 3
  • Современ француски јазик 5
  • Преведување од македонски на француски јазик 3
  • Француска култура и цивилизација1 / Француска култура и општество1 (ДАФЛС)
  • Современ француски јазик 4

  • Современ француски јазик 6

  • Современ француски јазик 8

  • Преведување од македонски на француски јазик 4

втор циклус студии:

  • Француски деловен јазик. 2007/2008 год. : постдипломски студии „Јазици, бизнис и меѓународна трговија“ (Филолошкиот факултет во Скопје, Универзитетот во Орлеан, Франција и Економскиот факултет од Скопје)

EMAIL: 

Основно образование завршила во Агадир, Мароко, а средно образование во Ница, Франција, во Гимназијата „Парк Империјал“. Во учебната 1985/1986 година се запишала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за француски јазик и книжевност каде го изучува италијанскиот јазик како втор главен предмет. Таа паралелно  студира две насоки : наставна и преведувачка насока. Предвидените испити на додипломските студии ги положила во предвидениот рок, со висок просек. Во 1990 година се стекнува со звањето „Професор по француски јазик и книжевност со италијански јазик и книжевност и дипломиран преведувач по француски јазик“.

Во февруари 1993 год. била примена на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ како лектор по француски јазик и е ангажирана во практичната настава по предметите Француски јазик и Преведување од македонски на француски јазик, на прв циклус студии.

Во 1998 год. учествувала во проектот ТЕМПУС-ФАРЕ (TEMPUS-PHARE -JEP, бр. 12261-97) одобрен од Европската комисија во Брисел, со кој се формира Катедрата за преведување и толкување. Во текот на реализацијата на проектот таа следела обука за стручно усовршување во времетраење од шест седмици на Институтот за преведувачи, толкувачи и меѓународни односи (Institut de Traducteurs, d’Interprètes et de Relations Internationales) при Универзитетот за општествени науки во Стразбур, Франција. 

Од учебната 2001/2002 година била ангажирана на Катедрата за преведување и толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за изведување настава по предметите Француски јазик и Преведување од македонски на француски јазик, на прв циклус студии.

            Во академската 2007/2008 год. била вклучена во изведувањето на наставата по предметот Француски деловен јазик, на постдипломски студии „Јазици, бизнис и меѓународна трговија“ организирани од Филолошкиот факултет во Скопје, Универзитетот во Орлеан, Франција и Економскиот факултет од Скопје.

            Се запишала на постдипломски студии на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во областа „наука за јазик“ и во 2013 год. успешно го одбранила својот магистерски труд под наслов „Еуфемизмите во францускиот и во македонскиот јазик“.

Покрај својата наставно-образовна дејност, Анита Кузманоска посетувала и активно учествувала во голем број летни школи и семинари во организација на Амбасадата на Франција во Р. Македонија, на Здружението на професори по француски јазик на Р. Македонија и на Францускиот институт во Скопје. Стручната обука организирана од страна на француското Министерство за образование ѝ овозможила добивање акредитација за испитувач за меѓународната диплома за француски јазик ДЕЛФ/ДАЛФ. Кузманоска е член на рецензиски комисии за избор во звање и за стручно мислење при избор на учебници. Taa, исто така, учествува со свои трудови во голем број домашни и меѓународни научни и стручни собири во земјата и во странство.

Речник :

  1.  Кузманоска, А. (2005). Мал речник на растенија-Македонско- француски, français – macédonien Petit dictionnaire des plantes.АЕА издавачи, Скопје, Р. Македонија

Книги :

  1. Кузманоска, А. (2023). Еуфемизми во францускиот и во македонскиот јазик, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ , Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје. (180 стр.) ISBN 978-608-234-101-9

Книги (преводи) :

  1. Превод од македонски на француски јазик на дел од книгата на Академик Луан Старова , превод на дело со наслов  „ Разговори со Омер Калеши Скопје- Истанбул –Париз” Skopje- Académie macédonienne des sciences et des arts, 2019. (148 стр.)  IBSN 978-608-203-252-8

Библиографија на научни и стручни статии :

  1.  Kuzmanoska, A., Kasaposka- Chadlovska. М. (2022). La médiation : un « nouveau » défi dans l’enseignement du FLE ?. Зборник трудови од меѓународен симпозиум, Les études françaises aujourd’hui, Филолошки факултет, Белград, Р. Србија. (во печат).
  2. Бабамова, И., Кузманоска А. (2021). Emploi de quarantaine dans la langue française et de карантин dans la langue macédonienne. Зборник трудови од меѓународен научен симпозиум Филолошки промислувања во француски и франкофонски контекст, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, Р. Македонија. (во печат)
  3. Кузманоска, A. (2018). Problèmes  rencontrés  dans la traduction du macédonien en français de la pièce « Divo meso » (« chair sauvage ») de Goran Stefanovski. Зборник трудови од меѓународна научна конференција  Истото, сличното и различното во јазикот, во книжевноста и во културата во франкофонските земји, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, Р. Македонија.
  4. Кузманоска, А. (2017). L’ensеignement des langues romanes à la Faculté de philologie « Blaze Koneski ». Зборник трудови од национален научноистражувачки проект „Јазик, литература и култура во романскиот простор : традиција и иновација“, Филолошки факултет „Блаже Конески“,Скопје, Р. Македонија.
  5. Кузманоска, А. (2016). Comment définir la notion d’euphémisme dans la langue française. Зборник трудови од меѓународна научна конференција Језик и културе у времену и простору, Филозофски факултет, Нови Сад, Р. Србија.
  6. Кузманоска, А. (2015). Analyse des euphémismеs de la guerre et des procédés d’euphémisation à partir d’un corpus de presse écrite française et macédonienne. Зборник трудови од научноистражувачки проект Македонско-романистички јазични, книжевни и прведувачки релации (2000-2015), Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, Р. Македонија.
  7. Кузманоска, А. (2013). Еуфемизмите во францускиот јазик и во македонскиот јазик, (магистерски труд), Филолошки факултет “Блаже Конески”, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Р. Македонија.
  8. Кузманоска,А. (2013). Средствата за еуфемизација во македонскиот јазик. Зборник трудови од меѓународен симпозиум Конференција за применета лингвистика, Факултет за странски јазици – Универзитет ФОН, Скопје, Р. Македонија.
  9. Кузманоска, А. (2011). Еуфемизми во францускиот и во македонскиот јазик. Зборник трудови од меѓународен симпозиум Блаже Конески и македонскиот јазик, литература и култура  Скопје, Р. Македонија.
  10. Кузманоска, А. (1998). Transcription phonétique des noms propres et des noms  de lieux du français en macédonien. Зборник трудови од Конгресот „Мала 98“, Филолошки факултет “Блаже Конески”, Скопје, Р. Македонија.

Линкови :

 Пленарно предавање на научен /стручен собир : « Comment définir la notion d’euphémisme dans la langue française » , Меѓународна научна конференција Језик и културе у времену и простору, Филозофски факултет,  2016, Нови Сад, Р. Србија.

https://digitalna.ff.uns.ac.rs/sites/default/files/db/books/978-86-6065-374-3.pdf

 -Тематски речник од областа на ботаниката  со наслов Мал речник на називи на растенија (македонско-француски /француско-македонски) – второто (електронско) издание на УКИМ (2019) https://www.ukim.edu.mk/e-izdanija/FLF/Mal_rechnik_na_nazivi_na_rastenija.pdf