Образование :
Снежана Петрова дипломирала на Катедрата за романски јазици и книжевности, група француски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје во 1991 година и се стекнала со диплома професор по француски јазик и книжевност и дипломиран филолог-преведувач по француски јазик. Потоа, во 1992 година завршила втор циклус (магистерски) студии, односно Продлабочени студии (D.E.A.), на Нова Сорбона, Париз 3, Франција, област: француска книжевност и цивилизација, отсек: XVI, XVII и XVIII век а докторски студии, во 2000 година во областа на француската книжевност и цивилизација на Универзитетот Париз-Сорбона, Париз 4 по што се здобила со научниот степен доктор по филолошки науки.
Работно искуство :
Од 1997 до 1999 година таа работи како професор по француски јазик во Американското училиште „American International School of Macedonia“ во Скопје; од 1996 до 2000 година, во соработка со Француската амбасада во Скопје, работи на национален проект за основање на француска градинка во Скопје, што доведува и до отворање на таква институција; таа е основач на француската/франкофонската градинка во Скопје « Jardin d’enfants francophone » и од 2000 до 2004 година хонорарно е ангажирана како раководител и главен наставник по француски јазик во градинката, извршувајќи низа организациони активности и работејќи предано на наставни програми за претшколската возраст. Истовремено, д-р Петрова работи хонорарно како професор по француски јазик во Францускиот културен центар за група студенти, но и за вработени во државната администрација (за потребите н Министерството за внатрешни работи на РМ и Министерството за економија на РМ – сектор за европска интеграција).
Нејзиниот работен однос на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” започнал на 16 јуни 2003 година во звањето доцент по предметите француска книжевност и француска цивилизација. Врз основа на нејзината наставно-образовна, научноистражувачка и стручно-апликативна дејност од областа на наведените предмети, во февруари 2008 година била избрана за вонреден професор по француска и франкофонски книжевности и француска и франкофонски култури и цивилизации, во 2013 година во звањето редовен професор на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Филолошки факултет ,,Блаже Конески” – Скопје., следи и реизбор како редовен професор во 2018 година во областите горенаведени на Катедра за романски јазици и книжевности, група: Француски јазик и книжевност, како и на Катедрата за преведување и толкување при филолошки факултет “Блаже Конески” Скопје;
Учество во проекти и други ангажмани :
Од 2003 до ден денес, д-р Снежана Петрова учествувала во многубројни државни проекти во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, неговите единици а посебно со Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески”, со Министерството за надворешни работи на РСМ, со Здружението на Професорите по Француски јазик на РМ и различни издавачки куќи: Просветно Дело, ТРИ како различни образовни институции (основни и средни училишта во РСМ), Националната Универзитетска Библиотека „Св. Климент охридски“. Учествувала но и координирала голем број меѓународни проекти кои биле поддржани од Меѓународната Организација на Франкофонијата, Меѓународната Федерацијата на Професорите по Француски јазик, Универзитетската Агенција на Франкофонијата (Проект за отворање на Центар за Универзитетска Успешност « Le Très-FLE » на УАФ при УКИМ (2018-2023) и проект за отворање на Франкофонскиот центар за вработливост – Скопје (јуни 2023), КРЕФЕКО (издавање на учебни помагала), како и со други универзитети и факултети од светот, со Францускиот институт во Скопје и француските алијанси во Битола и во Тетово.
Од 2003 до ден денес, д-р Снежана Петрова учествувала во многубројни комисии (рецензентски за избор во звање, демонстратор како и за научни трудови, итн., наставно-научниот совет и колегиум за втор и трет циклус, член на комисија за проследување на изучувањето на францускиот јазик во РСМ, на комисија за државни и меѓународни натпревари по француски јазик, на комисија за дипломски трудови – како ментор/претседател или како член, итн.), член во создавањето на новите елаборатите за акредитацијата на студиските програми за прв, втор и трет циклус студии на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ како и за други нови програми.
одбори (член во одборот за соработка и доверба со јавноста на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје, во меѓународниот редакциски одбор за научниот зборник, член на одборот на Фондацијата Константин Стојанов при УКИМ од септември 2023 година), државни и меѓународни работилници и конференции.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (книжевни дела – автор, уредник или ко-уредник на антологии):
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици) :
Линкови :