Образование :
Дипломирала на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје стекнувајќи се со диплома за Професор по француски јазик и книжевност и дипломиран филолог преведувач по француски јазик (1990 г.). Магистрирала на тема Фактитивноста во францускиот и во македонскиот јазик (1998 г.) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, каде што и докторирала на тема од областа на контрастивната лингвистика: Парасинтетската деривација во францускиот и во македонскиот јазик (2006 г.). На истиот факултет завршила студии по Доквалификација по македонски јазик како втор главен предмет (1996 г.)
Работно искуство:
Работи и предава предмети од областа на контрастивната анализа на францускиот и на македонскиот јазик и преведувањето на Групата за француски јазик и книжевност при Катедрата за романски јазици и книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ најпрво како помлад асистент, а потоа и како асистент, доцент, вонреден и редовен професор (1992 -… ). Предава и на Катедрата за преведување и толкување на Факултетот (2000 – …). Била лектор по македонски јазик на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (INALCO) во Париз (2007 – 2009) и визитинг-професор на Департманот по француски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Србија (2015-2018). Била претседател на ЗПФРМ во два мандата (2009-2011, 2011-2013), раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности во два мандата (2016-2020, 2020-2023), коосновач и кораководител на Франкофоскиот центар за вработливост на УАФ при УКИМ (2018-…), член на Универзитетскиот сенат на УКИМ (2023- …), дописен член на Академијата на науките и унетнсотите во Безансон и Франш-Конте во Франција (2017 – …).
Учество во поважни меѓународни и национални научни и др. проекти:
Histoire de la traduction littéraire en Europe médiane (2009-2019, носител: ИНАЛКО, Париз), Македонско-романистички јазични, книжевни и преведувачки релации (2000-2015) (Раководител и главен истражувач, 2015 г., носител: Филолошки факултет „Блаже Конески“); Термини и терминолошки изрази од доменот на пандемијата на КОВИД-19 во македонскиот, во францускиот и во италијанскиот јазик ТЕРМАКФРИТ (2022, носител: Филолошки факултет „Блаже Конески“); DAFLS – Развивање програма за додипломски и последипломски студии по применети странски јазици (2020-2023, ЕРАЗМУС К2+, носител: Универзитет во Каен, Франција); Les langues, les littératures et cultures romanes et slaves en contact et en divergence (2021 – 2026, носител: Филозофски факултет, Универзитет во Ниш); Langues en dialogues 2023 на Меѓународната организација на Франкофонијата (кораководител и коавтор, 2023, носител: ЗПФРМ).
Преведува од француски јазик, остварила студиски престои во Франција и Белгија, учествувала на над 40 научни симпозиуми, конференции, конгреси.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии:
Линкови :
http://ical.manu.edu.mk/books/ZbornikSubjuniktivICAL2014.pdf
http://ical.manu.edu.mk/books/Zbornik_konstrukcii_so_bi.pdf
https://e-knjige.ff.uni-lj.si/znanstvena-zalozba/catalog/book/246.
http://manu.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/Prilozi-2021-1_compressed.pdf