Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија известува дека врз основа на член 3 од Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на република Словенија за соработка во областа на образованието, потпишан на 23 февруари 2016 година во Љубљана, доделува стипендии за студенти, дипломирани лица и докторанти од Република Северна Македонија на високообразовните институции во Република Словенија за академската 2024/2025 година, и тоа:

 1.    Дваесет и четири (24) месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните институции во Република Словенија, со поединечно времетраење од 3 до 6 месеци, за кандидати до 26 годишна возраст.

 2.    Три (3) едносеместрални стипендии (секоја по четири месеци) за студенти по словенечки јазик на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и

 3.    Две (2) стипендии за посета на дво-неделниот летен курс по словенечки јазик за студенти по словенечки јазик на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 Овие стипендии не се наменети за комплетирање на целосен степен на студирање

 

Подетални информации во врска со условите, критериумите, потребните документи, начинот на аплицирање и роковите, може да се најдат на следната интернет страница:  https://studyinslovenia.si/study/exchange-programmes/

Крајниот рок за доставување на апликациите до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ул.„Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје е: 22 март 2024 година. 

За дополнителни информации може да испратите меил на: scholarships@cmepius.si   

 

Лице за контакт во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија: Александар Тутновски, aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk