Граматика на рускиот јазик,
Контрастивна анализа на рускиот и на македонскиот јазик,
Методика на наставата по руски јазик и
Практична подготовка за наставата по руски јазик
Словенска фразеологија
Споредбена анализа на рускиот и на македонскиот јазик
Непреводливото во преводот
Интердициплинарни истражувања на јазикот
Биљана Мирчевска-Бошева дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на студиската група за руски јазик и книжевност во 2002 година, а на групата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности во 2005 година. На истиот факултет магистрирала во 2008 година и докторирала во 2012 година.
Од 2003 до 2008 година работи како асистент-истражувач во МАНУ (Одделение за лингвистика и литературна наука). Својот професионален ангажман на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ го започнува во 2003 како демонстратор, во 2006 година е избрана за помлад асистент, во 2010 за асистент, во 2012 за доцент, во 2017 за вонреден и во 2022 за редовен професор. Како поканет гостин одржува предавања на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ (2019 год.), на Гдањскиот универзитет во Полска (2021 год.), Универзитетот Комениус во Словачка (2023 год.).
Во 2017 год. и 2019 год. одржува предавање и курс од областа на фразеологијата на Семинарот за македонски јазик, литература и култура.
Автор е на две монографии, на повеќе од 100 научни статии, учествувала на повеќе од 60 научни конференции во Русија, Словенија, Словачка, Австрија, Чешка, Полска и др.
Како коистражувач и главен истражувач вклучена е во национални и меѓународни проекти: Animalističke slike u frazeološkom blagu (Filozofski fakultet Sveučilišta u Zagrebu), Паралелни фразеолошки корпуси (УКИМ), Изучение русского языка и русской культуры в инославянском окружении (Славистичко друштво Србије) и др.
Член е на редакциите на списанијата: Вестник МГУ. Серия Филология, Евразийский гуманитарный журнал, Славистика, Славистички студии, претседател и член на организациони одбори на меѓународни конференции, координатор на обуки за наставници по руски јазик и др.
Член е на националниот експертски тим за развој на модуларни наставни програми за средно техничко образование (Архидата, БРО 2018), модератор за руски јазик во тимот за операционализација на концепцијата за основно образование на возрасните (МОН, УНДП 2018), член на стручниот тим за изготвување на наставни програми по руски јазик за основно образование (БРО 2019, 2023), претседател на државната матурска предметна комисија по руски јазик (ДИЦ 2016-).
Овластен судски преведувач од руски на македонски јазик и обратно е од 2003 година, а активно се занимава и со консекутивно и симултано преведување.
Од 2020 година директор е на Рускиот центар при УКИМ.
Книги:
Селектирана библиографија на научни и стручни статии:
Линкови
https://independent.academia.edu/BMirchevska
https://orcid.org/0000-0001-9146-8538
https://www.scopus.com/authid/detail.uri?authorId=57222522834
https://www.researchgate.net/profile/Biljana-Mirchevska-Bosheva