Полска книжевност 1-8;
Теорија на преведување 1 и 2;
Книжевност во словенски контекст;
Практика на преведување од полски на македонски јазик 1-4;
Книжевен превод 1 и 2.
Нова полска книжевност;
Интеркултурна интерпретација на книжевни текстови;
Преводот како дијалог меѓу лингвистиката и книжевноста;
Топосот на градот во полската, чешката и македонската книжевност.
Дипломирала во 1991 г. на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје како филолог по македонски јазик и полски јазик и книжевност. Во 2003 г. се стекнала со звањето Магистер по филолошки науки на истиот факултет, а во 2010 година успешно ја одбранила докторската дисертација и се стекнала со звањето Доктор на филолошки науки.
Од академската 1994/95 г. до 1998 г. работела како лектор по македонски јазик на Шлезискиот Универзитет во Катовице, Полска, како и една година паралелно на Јагјелонскиот Универзитет во Краков. Од академската 1998/99 г. е вработена на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ , најпрвин како асистент по полски јазик. Од 2004 г. до 2009 г. работела и како лектор по македонски јазик на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Од 2007 до 2011 г. била и раководител на преведувачката работилница за студентите од Полска на семинарот. Во 2022 г. повторно била ангажирана како раководител на преведувачката работилница на Семинарот за сите учесници од различни земји.
Учествувала во неколку меѓународни и национални научни проекти, меѓу кои: проектот за подновување на Правописот на македонскиот литературен јазик на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“; Фразеолошки корпусни паралели, академски проект овозможен од соработката на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство со Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“,; меѓународниот проект Towards modern slavic studies, одобрен од програмата Еразмус+ (во соработка со Шлезискиот Универзитет од Полска и Остравскиот Универзитет во Чешка).
Била член на Организацискиот и Редакцискиот одбор на четири Македонско-полски научни конференции и поконференциски зборници и член на Редакцискиот одбор и уредник на списанието Славистички студии. Член е и на програмскиот и редакциски одбор на две полски меѓународни научни списанија: Przekłady literatur słowiańskich и Postscriptum Polonistyczne, како и на меѓународниот програмски одбор на полонистичката конференција Četvrti Malićevi dani и Peti Malićevi dani на Филозофскиот факултет во Загреб. Учествувала на триесетина меѓународни научни конференции во земјата и во странство, најчесто во Полска, со реферати од областа на споредбената граматика на полскиот и на македонскиот јазик, од областа на преводот и од областа на полската литература.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии :
Линкови :