Полска граматика и прагматика 1 (летен)
EMAIL: m.anchevski@flf.ukim.edu.mk
Дипломирала 1987 на Филолошкиот факултет во Скопје на Групата за македонски јазик како прв главен предмет и полски јазик како втор главен предмет; магистрирала 1991 на насоката полски јазик на Филолошкиот факултет во Белград со тезата „Перифрастични предикати у македонском језику и њихови пољски еквиваленти”; докторската дисертација „Почеток на дејство/состојба како семантичка и граматичка категорија (врз материјал од македонскиот и полскиот јазик), ја пријавила на Филолошкиот факултет во Скопје, каде е одбранета 1996. Работи на Филолошкиот факултет во Скопје при Катедрата за источнословенски и западнословенски јазици и книжевности, подоцна Катедра за славистика, од 1990 прво како помлад асистент предметот полски јазик и од 1992 како асистент; потоа од 1997 како доцент по предметот граматика на современиот полски јазик; од 2001 како вонреден професор, од 2006 како редовен професор, а од јули 2009 се здобива со звањето редовен професор доживотно. Научна област на истражување: наука за јазикот (лингвистика); славистика полонистика, македонистика, конфронтативно проучување, балканистика. Од 1996 член на тимот на Bibliographie Linguistique / Linguistic Bibliography, Leiden: Brill, http://bibliographies.brillonline.com/browse/linguistic-bibliography . Преведува од полски на македонски јазик од 1988, стручни и литературни дела (Чеслав Милош, Хенрик Сјенкјевич, Станислав Лем и др. автори). Има Потврда (Лиценца) за признато право за лекторирање од Министерството за култура на РМ, Совет за култура бр. 13-1066/2 од 16.0.2011.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии :