Компаративни поетики: Симболизам
Компаративни поетики: Постмодернизам
Книжевна фантастика (изборен)
Компаративни поетики: Романтизам
Компаративни поетики: Модернизам и авангарда на 20 век
Романтизам и реализам: преиспитување на границите (изборен, заедно со М.Ѓ. Димова)
Компаративни читања (изборен, заедно со В. Мартиновски)
Фантастиката како книжевен и културен феномен (изборен)
Литературата и градот (изборен, ОКК)
Поетика на надреализмот (изборен, ОКК)
Фантастиката во германската книжевнност (изборен, германистика)
Руска, чешка и полска авангарда (изборен, славистика)
Дипломира на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет – Скопје (1985).
Магистрира на Филолошкиот факултет во Белград (1992).
Докторира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје (2000).
Работно искуство: од 1986, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Учество во проекти: Катедра за ОКК (Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје) – Париз, Сорбона 3; Институт за македонска литература; Факултет за драмски уметности – Скопје (Институт за театрологија); СОРОС; МАНУ; МАНУ-САНУ; МАНУ-БАН; Министерство за култура на Р. С. Македонија.
Студиски престој на Универзитетот Сорбона во Париз (јануари-март 2003 и јуни 2004) и едномесечни истражувачки престои на Државниот универзитет во Темпи (Аризона, САД: 1995, 2012).
Член на многубројни комисии при факултетот, претседател на Одборот за доверба и соработка, член и претседател на Редакцијата на „Годишниот зборник“, член на Уредувачкиот одбор на брошурата „100 години Конески“. Ментор на бројни дипломски трудови на студенти од Катедрата за ОКК и од групата за шпански јазик и книжевност, ментор на две магистерски и две докторски тези.
Учествувала во работилницата „Со читање и пишување до критичко мислење“ (2002), држела предавања и специјален курс на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Била надворешен член на Советот на Институтот за македонска литература, член на Комисијата за државна матура по македонски јазик и литература при Бирото за развој на образованието (2002-2006), актуелен член на комисијата за странски издавачи при Министерството на култура (од 2018).
Член на жири-комисии за наградите: „Браќа Миладиновци“, „Димитар Митрев“, „Рациново признание“, најдобар расказ на конкурсот на „Нова Македонија“, „Роман на годината“, најдобра песна на „Празник на липите“, „Пегаз“ за необјавен роман на Арс Ламина-публикации; член на комисии за избор на национален претставник за „Балканика“, член на националната комисија „100 словенски романи“ на Словенскиот културен форум при Министерството за култура (2006), член на УО на СВП (2005-2007; 2023-), на УО на Македонскиот ПЕН-центар (2014-2020) и на редакцијата на Пен ревијата (2018-2020), уредник на електронското списание „Мираж“ (2006-2008), член на редакцијата на електронското списание „Блесок“ (2010-2015), актуелен член на редакцијата на списанијата „Културен живот“ (од 2018) и на „Athanatik“ (Подгорица, од 2022).
Учествувала на многу домашни и странски конференции.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (книжевни дела – автор, уредник или ко-уредник на антологии):
Библиографија на научни и стручни статии :