Методика на наставата по италијански јазик 1,
Методика на наставата по италијански јазик 2,
Современ италијански јазик 5,
Современ италијански јазик 6,
Практична подготовка на наставата по италијански јазик 1,
Практична подготовка на наставата по италијански јазик 2,
Конференциско толкување од италијански на македонски јазик и обратно 1
Конференциско толкување од италијански на македонски јазик и обратно 2.
Конференциско консекутивно толкување од македонски јазик (А/А1) на италијански (А2/Б/Б1) и обратно или од италијански јазик (В/В1/В2) на македонски јазик (А)1
Конференциско симултано толкување од македонски јазик (А/А1) на италијански (А2/Б/Б1) и обратно 1 или од италијански јазик (В/В1/В2) на македонски јазик (А)1
Дипломирала на Катедрата за италијански јазик и книжевност 2005, магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје во 2016 год со тема „Преведувачките техники во македонскиот превод на романот Паломар од Итало Калвино“. Моментално работи на својата докторска дисертација „Усвојување на лексичката компетенција при
изучувањето на италијанскиот јазик како втор странски јазик во основното образование во С.Р. Македонија“.
2000-2013 професор по италијански јазик во Училиште за странски јазици „Челинџ“, Скопје.
2003-2020 ангажирана на Катедрата за романски јазици и книжевност и Катедрата за италијански јазик и книжевност како соработник, а од 2020 лектор по италијански јазик на Катедрата за италијански јазик и книжевност.
Учествувала во неколку меѓународни проекти меѓу кои: Темпус, Евалуација во наставата по странски јазици и книжевности, Работејќи за Европа, Еразмус плус проектот “Romance Languages for Slavic-Speaking University Students – LMOOC4Slav“.
Студиски престои во Италија 1999-Универзитетот за странци во Перуџа, 2000-Универзитетот за студии од Милано(Гарњано); 2006-Универзитетот Алдо Моро во Бари; 2020- Универзитетот за странци во Перуџа.
Одговорна е за спроведување на меѓународните испити CILS и DITALS, од Универзитетот за странци од Сиена и DILS PG од Универзитетот за странци од Перуџа.
Учествува во повеќе комисии: одговорна е за натпреварите по италијански јазик за учениците од основните и средните училишта (ЗПИРМ), Комисија за составување и Комисија за оценување на тестовите за натпреварите, Комисија за приемен испит по италијански јазик за средно училиште и неколку факултетски комисии.
2020-2022 Секретар на Здружението на професори по италијански јазик, 2022- Претседател на Здружението на професори по италијански јазик.
Била претседател на рецензентска комисија за оценка на учебник за изучување на италијанскиот јазик за шесто одделение.
Била секретар и кокоординатор на бројни семинари и обуки како национални, така и меѓународни, организирани од Катедрата и од Здружението на професори по италијански јазик.
Била член на организацискиот одбор на собир и секретар на Зборникот на трудови, рецензент на трудови од меѓународен научен собир.
Активно учествува на бројни обуки, вебинари, семинари и работилници како меѓународни така и национални, организирани од најразлични универзитети и институции, издавачки куќи, Институтот Данте Алигиери, Универзитетот „Ка’ Фоскари“ од Венеција, Универзитетите за странци од Перуџа и Сиена, Здружението на професори по италијански јазик, Алма едициони, Едилингва, Орними, АНИЛС, Универзитетот Гоце Делчев од Штип.
Учествувала со реферати на бројни меѓународни научни собири во зeмјава и во странство (Скопје, Охрид, Сплит, Порто, Неапол, Штип).
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (книжевни дела – автор, уредник или ко-уредник на антологии):
Книги (преводи):
Дел од книга:
Библиографија на научни и стручни статии :
Во однос на библиографските единици, може да се следат упатствата на Современа филологија (https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/about/submissions)