EMAIL: asarzoska@flf.ukim.edu.mk
Образование :
Дипломирала на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје стекнувајќи се со диплома за Професор по француски јазик и книжевност со италијански јазик и книжевност и книжевност (1985г.). Магистрирала на тема Италијанизмите во македонскиот јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (1996 г.), каде што и докторирала на тема од областа наука за јазикот -романистика- италијанистика, со тема : Италијанскиот јазик во средствата за масовна комуникација (2005 г.).
Работно искуство:
Работи и предава предмети од областа на граматиката на италијанскиот јазик и историјата на италијанскиот јазик при Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ најпрво како стажант, помлад асистент, асистент, доцент и вонреден професор на катедрата за романски јазици и книжевности на предметите од италијански јазик и италијанска граматика (1987-2010). На Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ работи како редовен професор (2015) во наставно/научната област романистика /италијанистика по предметите италијанска граматика и историја на италијанскиот јазик.
Била продекан за финансии на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ – Скопје во два мандата (2007-2016), раководител на Катедрата за италијански јазик и книжевност (2016 – 2020), член на повеќе стручни и технички комисии на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески„ – Скопје, член на Стручниот совет за докторски студии при УКИМ (2023- ), акредитиран ментор (2011) за тригодишните студиски програми за третиот циклус докторски студии / наука за јазик, Романистика на Филолошкиот факултет „ Блаже Конески” при УКИМ. Од 2009 e постојан член е во комисијата при Министерство за Правда на Р.М за проверка на знаењето на кандидатите за постојани судски преведувачи, член-оснивач на Здружението на професори по италијански јазик во Р.М, и на Институтот Данте Алигиери во Скопје и е член на ALBO EX-ALUNNI CORSI DI LINGUA ITALIANA, член на стручниот тим во изработка на наставни програми по италијански јазик како II и III странски јазик во основно и средно образованиe и на средното четиригодишно образование за билингвални паралелки по италијански јазик од I до IV г., при БРО на Р.С.М Била претседател на Рецензентска комисија за давање стручно мислење за учебници по италијански јазик (втор странски јазик) од VI до IX во деветгодишно основно образование при МОН на Р.С.М. и контролор на прашања за екстерно проверување на постигнувањата на учениците во основното и средното образование од областа на италијанскиот јазик при ДИЦ на Р. Македонија (2012-2013, 2013-2014).
Својата стручно-апликативна дејност ја остварува како претседател и член на организациски, научни и уредувачи одбори на повеќе домашни и меѓународни научни собири, член е и рецензент во комисии за избор и реизбор во звања на домашни и странски Универзитети и е дел од листата за можни рецензенти за избор во звања АПЕЛЛА( election of faculty membres in Greece) https://apella.minedu.gov.gr/en/node/206 во Грција.
За постигнувањата во доменот на ширење на италијанскиот јазик и култура, на предлог на Министерот за надворешни работи на Репубика Италија и со Декрет на Претседателот на Република Италија ѝ се доделени високи одликувања :
Остварила повеќе студиски престои во Франција, Италија, Грција, Словенија, Германија, Црна Гора, Бугарија и др. Учествувала со предавања и реферати на над 50 научни конференции во научни симпозиуми, конференции, конгреси , семинари, работилници и вебинари организирани од страна на домашни и странски универзитети (повеќе од 50). Во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, италијанската амбасада, Здружението на професори по италијански јазик во Р.М, и Институтот Данте Алигиери во Скопје е организатор и учесник на семинари и обуки во рамките на изучувањето на италијанскиот јазик.
Била раководител и учесник во меѓународни научноистражувачки проекти: New Curriculum Model for Italian Studies, TEMPUS JEP 18101-2003, заеднички европски проект на универзитетите во Скопје, Бари, Солун и Ајштет. (2005-2007); ,Интеркултурна комуникација низ вековите: македонско-италијански јазични и книжевни врски, МОН и Универзитетот во Фиренца, Италија. (2010-), Education, Schools and Мuseums. Transfer of Museum Content by Videoconference, носител на проектот: Универзитетот во Фоџа /Италија. (2010-2012);Dizionario degli italianismi, a cura di Luca Serianni, UTET, Italia ,professor Luca Serianni, entitled “Gli italianismi nel mondo” (Italianisms in the World). (2007);SOUTH EAST EUROPEAN PROJECT FOR THE ADVANCEMENT OF LANGUAGE STUDIES ‘SEEPALS, 2010-2013, 511116-Tempus-1-2010-1-XM-TEMPUS-JPCR, (2010-2013), национален/факултетски координатор.
Преведувањето и наставата по италијански јазик и книжевност, меѓународен проект, Филолошкиот Факултет „Блаже Конески” и Универзитетот во Бари и УКИМ, (2013/2014); Education. Schools and museums project, promoted by University of Calabria and University of Foggia and the Faculty of Philology „Blaže Koneski”, Skopje – Department of Italian Studies. (2010-2011);.Eвалуацијата во наставата по странски јазици и книжевности, од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” УКИМ (2016); Centro di Eccellenza della Ricerca Osservatorio Linguistico Permanente dell’Italiano diffuso fra stranieri e delle lingue immigrate in Italia, Comitato scientifico dell’indagine sull’italiano nel mondo globale promossa da Tullio De Mauro, (Università per stranieri di Siena); DAFLS – Развивање програма за додипломски и последипломски студии по применети странски јазици (2020-2023, ЕРАЗМУС К2+, носител: Универзитет во Каен, Франција); Romance languages for Slavic-speaking university students Project KA220-HED – 2021-1-IT02… LMOOC4Slav project, Проект Еразмус+ К2 .(2021-2023),
Била раководител и учесник во национални научноистражувачки проекти: Проект 2010, Опремување на лаборатории за научноистражувачка и апликативна дејност на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески„- Скопје, УКИМ, МОН на Р. Македонија, координатор на факултетски проект. Проширувањето и дополнувањето на Правописот на македонскиот стандарден јазик, 2014, членка на експертскиот тим, ИМЈ „Крсте Мисирков“ ˗ Скопје, Министерството за култура на Р.Македонија; Македонско-романистички јазични книжевни и преведувачки релации (2000- 2015), УКИМ 2015);Јазик,литература и културa во романскиот простор: традиција и иновација“,,Катедра за романски јазици и книжевности ,Филолошкиот факултет “Блаже Конески” при УКИМ (2017);Проект за развој на вештини и поддршка на иновации/,Член/експерт на Национален експертски тим за развој на модуларизирани наставни програми базирани на компетенции Биро за развој на образованието и Archidata-Italia, ( јуни /декември 2018); Јазици, книжевности, култури: образовни политики во функција на современото опшество, Макропроект на Филолошкиот факултет„ Блаже Конески„-Скопје учесник , (2019-2021); ТЕРМАКФРИТ, Термини и терминолошки изрази од доменот на ковид-пандемијата во македонскиот, во францускиот и во италијанскиот јазик, Научноистражувачки проект финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје . Носител на проектот:Филолошки Факултет „Блаже Конески” – Скопје, Истражувачи: проф. д-р Славица Велева,проф. д-р Ирина Бабамова,проф. д-р Александра Саржоска.(2021); „Горан Стефановски на јазиците на ЕУ, чествување 70 години од раѓањето “ Носители на проектот: Делегација на ЕУ во Скопје, Европска куќа во Скопје и Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.(2022).
Книги (научни- автор, ко-автор; уредник или ко-уредник,)
Книги, статии (преводи од италијански јазик):
Библиографија на научни и стручни статии :