Современ италијански јазик 1
Италијански јазик 1 (ДАФЛС)
Современ италијански јазик 2
Современ италијански јазик 3
Современ италијански јазик 4
Италијанскиот јазик во првата половина на ХХ век
EMAIL: vmilosevic@flf.ukim.edu.mk
Образование
Работела како професор во училиштето за странски јазици при „Младинскиот културен центар“ во Скопје изведувајќи настава по италијански, француски и шпански јазик за возрасни (1993-2004). Од 1998 година била ангажирана на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за Романски јазици и книжевност во наставата по Современ италијански јазик за нематичните факултети како и во наставата на двегодишните, тригодишните и четиригодишните студии по италијански јазик. Од 2014 година работи како виш лектор по италијански јазик при Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.
Истражувачки интереси: италијанистика
Реализирала повеќе студиски престои во Италија на „Универзитетот за странци“ во Перуџа (1991,1993,2003), на Универзитетот во Дижон во Франција (1993), во Бари (2005).
Организирала и раководела со седум студентски преведувачки работилници. Била приредувач на македонските преводи на пет италијански книги: „Цветни сказни“ од Атилио Бразиело, „Се облекувавме во морнарско“ од Сузана Ањели, „Дневникот на Јованче Ураганче“ од Вамба, „Се оженив со тебе од ќеф“ од Наталија Гинѕбург и „Забрзани чекори“ од Дача Мараини, сите во издание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје.
Од 2020 година е ЕКТС координатор на Катедрата за италијански јазик и книжевност.
Книги (преводи од италијански јазик)