Силвана Симоска е родена на 6. 10. 1966 година во Битола. Основно образование и општа гимназија завршила во СР Германија. Додипломски и постдипломски студии завршила на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и докторилала под менторство на проф. д-р Волфганг Моч во 2002 година. Прогласена е за најдобар дипломиран студент (9,38) на Филолошкиот факултет во Скопје за aкадемската 1989/1990 година.
Во рамките на подготовката на магистерскиот труд и на докторската дисертација била стипендист на реномираните академски служби за размена на СР Германија (DAAD) и на Република Австрија (ÖAD).
Од март 1992 година, по некоколкумесечно волонтирање на Катедрата за германски јазик и книжевност, врабoтена е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, до 1998 година како помлад асистент, потоа како асистент по предметите од областа на граматиката на современиот германски јазик. Во 2002 година е избрана во звањето доцент, а во 2007 година во звањето вонреден професор. Со звањето редовен професор се стекнала за првпат во 2012 година, а со повторниот избор во 2017 година го задржува звањето редовен професор доживотно во наставно-научните области германистика, компаративна лингвистика, фонетика, фонологија, лексикологија и преведување.
Во периодот 2001 – 2003 била заменик, а во 2003 – 2007 раководител на Катедрата за преведување и толкување. Во 2007 година го иницирала формирањето на студиите од втор циклус по Конференциско толкување и била нивни прв раководител во два мандата.
Освен на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, наставно-научната дејност на првиот, вториот и на третиот циклус ја надградувала со предавања и вежби и на други високообразовни институции во земјава (УКЛО, УГД, ДУТ) и во странство (Универзитет во Виена, Универзитет во Грац и др.).
Во континуитет учествувала во национални и меѓународни научноистражувачки проекти и мрежи за академска мобилност (МАНУ, PHARE TEMPUS, ЕРАЗМУС+ (раководител на „ReTrans“, 2022–2024), CEEPUS (*e-Bologna*), DAAD, ÖAD и др.). Автор е на над 90 научни трудови од областа на германистичката и на компаративната лингвистика, како и на транслатологијата. Освен со наставно-научната дејност, се занимава и со превод и конференциско толкување од македонски на германски јазик и обратно.
Добитник е на наградата за најдобар научник на УКИМ во хуманистичките науки за 2022 година.
Книги:
Преводи:
Стручни преводи (селекција):
1999
2002
2006
2011
2013
Уметнички/книжевни преводи:
1999
2001
2002
2004
2006
2012
2015
Научни и стручни статии (селекција):
1999
2005
2006
2007
2008
2009
2010
2011
2012
2013
2014
2015
2016
http://35.189.210.5/dokumenta/nauka/Skupovi/2015/2015_Germanistika/nemacki_zbornik_Final.pdf
2017
2018
https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/2020/06/SLAVOFRAZ-2017.pdf
2019
2020
2021
2022
2023
Линкови: