Граматика на италијанскиот јазик 3 – морфологија
Граматика на италијанскиот јазик 5 – синтакса
Граматика на италијанскиот јазик 6 – синтакса
Граматика на италијанскиот јазик 8 – анализа на дискурс
Примена на корпуси во истражувања на италијанскиот јазик
Условните конструкции во италијанскиот и во македонскиот јазик
Руска Ивановска-Наскова дипломирала во 2001 г., како прв дипломиран италијанист со четиригодишни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, и се стекнала со звањето Професор по италијански јазик и книжевност со македонски јазик. На истиот универзитет во 2006 год. магистрирала на тема „Програми за автоматска обработка на италијански јазични корпуси: Intex/Nooj“. Докторирала на Универзитетот „Алдо Моро” во Бари во 2011 г. со одбрана на докторски труд од научната област италијанската лингвистика на тема “I costrutti condizionali nel corpus parallelo italiano-macedone Italmac”.
Руска Ивановска-Наскова год. е ангажирана на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје од 2002 г. како демонстратор, а од 2004 г. како помлад асистент, а подоцна и како асистент, доцент, вонреден и редовен професор по граматика на италијанскиот јазик и информатичка лингвистика. Таа била секретар на Катедрата за романски јазици и книжевности, ЕКТС координатор на Катедрата за италијански јазик и книжевност, Еразмус координатор, а од 2023/2024 г. таа е продекан за наука и меѓународна соработка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Руска Ивановска-Наскова била учесничка и/или организатор на повеќе работилници, семинари и конференции. Таа е еден од иницијаторите на серијата конференции Italiano e lingue slave (Вроцлав, 2018; Скопје, 2022; Љубљана, 2024). Има одржано предавања на покана на Универзитетот во Саленто, Универзитетот Ла Сапиенца во Рим и Универзитетот Ориентале во Неапол. Од 2016 г. таа е потпретседател на Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје и активно се занимава со промовирање на италијанскиот јазик и култура.
Ивановска-Наскова била (ко-)раководител на неколку меѓународни и национални проекти: Електронски ресурси за македонскиот јазик: состојба и перспективи (2022); Преведувањето и наставата по италијански како странски јазик (2014), Италијанска дигитална библиотека во Северна Македонија – БИМ (2018 – 2019), ITaliano-Илустрирање и преведување италијански текстови (2020- ) и Хуманистичките студии во меѓународни рамки (2017-2018). Таа била, исто така, и учесник во повеќе други проекти: LMOOC4Slav Romance languages for Slavic-speaking university students (2021-2024), New Curriculum Model for Italian Studies (2005-2007) и др. Од 2019 г. таа е дел од групата за македонскиот јазик во проектот Osservatorio degli Italianismi nel mondo, Accademia della Crusca.
Научниот интерес на д-р Руска Ивановска-Наскова e во полето на италијанистиката, контрастивната анализа, корпусната лингвистика, наставата по италијански како странски јазик и дигиталната хуманистика.
Книги и учебници:
Приредени изданија
Статии во научни списанија:
Статии во книги и зборници