Задолжително прво најавување на iKnow и промена на лозинка за новите студенти запишани во прва година во уч. 2024/2025 г.

Почитувани студенти,

Добродојдовте на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“!

За прво најавување на iKnow-системот потребно е: задолжителна промена на лозинката (reset password), најава на системот и користење на упатството за iKnow-системот.

Лозинката се менува само при првото најавување на iknow.ukim.mk и истата се користи за сите идни најави на системот.

Ве молиме, за следните чекори користете лаптоп/компјутер (не користете мобилен телефон) и следете го упатството:

Прво најавување на iKnow-системот и задолжителна промена на лозинка:

  1. Отворете ја веб-страницата на iKnow-системот: https://iknow.ukim.mk

Со отворањето на веб-страницата се отвора следниот прозорец:

  1. Кликнете на линкот „Заборавена лозинка?“

  1. Внесете ја вашата е-пошта (e-mail) со која се регистриравте на upisi.ukim.mk во полето Email и притиснетe на копчето SUBMIT

  1. По притискањето на копчето SUBMIT се отвора следниот прозорец:

  1. Отворете ја вашата е-пошта (e-mail).
  2. Отворете ја пораката од iKnow Account Manager: Reset Password.
  3. Во содржината на пораката “Please reset your password by clicking here: link”, притиснете на link.

  1. Новата лозинка мора да има минимум 9 или повеќе карактери, и мора да содржи големи букви, мали букви, бројки и специјален знак (@, #, %, !).

Внесете ја вашата е-пошта (e-mail), новата лозинка (Password), потврдете ја новата лозинка (Confirm password) и притиснете на копчето RESET.

  1. Доколку лозинката е успешно променета, се отвора прозорец со порака “Your password has been reset. Please Click here to log in.” Притиснете на линкот „Click here to log in“

  1. Во Најава на iKnow-системот внесете ја вашата е-пошта (e-mail), новата лозинка и притиснете на копчето НАЈАВА.

  1. По најавата се отвора прозорец со податоците на студентот. Доколку при првото најавување се отвори прозорец со текст “Home…” или “Welcome…” и не го гледате прозорецот со податоци, затворете го веб-прелистувачот, потоа отворете го повторно веб-прелистувачот, отворете ја веб-страницата https://iknow.ukim.mk и најавете се повторно со вашиот мејл (e-mail) и лозинка.

  1. За користење на iKnow-системот и бирање предмети следете ги насоките од „Корисничкото упатство за iKnow-системот“.