Конкурс 2021/2022

Пријавување на нови студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во академската 2021/2022 година

Пријавувањето на кандидатите за упис на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во учебната 2021/2022 година во првиот уписен рок ќе се врши по електронски пат на 31.8. и 1.9.2021 г.

Пред пријавувањето кандидатите задолжително треба да се регистрираат и да извршат електронско пријавување преку iKnowсистемот за идни студенти на УКИМ на www.upisi.ukim.mk.

Бројот на пријавата којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Покрај пријавувањето во iKnow-системот (ПРВ ЧЕКОР) кандидатите се должни да се пријават и електронски со испраќање на електронска порака (ВТОР ЧЕКОР).

ПРВ ЧЕКОР

Упатство за регистрирање и пополнување на електронската пријава во iKnow-системот (upisi.ukim.mk)

Отворете ја веб-страницата www.upisi.ukim.mk.

Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, при секое најавување во системот, користете го истото корисничко име и лозинка – не отворајте нов профил. Пријавата можете да ја менувате во целост сè додека не кликнете на копчето ПРАТИ.

iKnowсистемот (upisi.ukim.mk) овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.

Со користење на iKnowсистемот (upisi.ukim.mk), кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци сè додека не кликнат на копчето ПРАТИ, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на запишувањето.

ВТОР ЧЕКОР

Пријавување и испраќање скенирани/сликани документи на електронска адреса (e-mail) и прикачување на iKnow-системот (upisi.ukim.mk) – дозволена големина на документ: 2.0MB и дозволен тип на документ: pdf, png, jpg, jpeg, zip

1. Пријавувањето на кандидатите и испраќањето скенирани/сликани документи се врши електронски со испраќање на електронска порака.

Во зависност на која студиска програма конкурирате пријавувањето го правите на соодветната електронска адреса:

СТУДИСКА ПРОГРАМАЕлектронска адреса (e-mail)
– Македонски јазикmj2021@flf.ukim.edu.mk
– Македонска книжевност mk2021@flf.ukim.edu.mk
– Албански јазик и книжевност наставна насокаalb2021@flf.ukim.edu.mk
– Албански јазик и книжевност преведување и толкување – немајчинalbpitn2021@flf.ukim.edu.mk
– Албански јазик и книжевност преведување и толкување – мајчинalbpitm2021@flf.ukim.edu.mk
– Турски јазик и книжевност – мајчинturm2021@flf.ukim.edu.mk
– Турски јазик и книжевност – немајчинturn2021@flf.ukim.edu.mk
– Француски јазик –наставна и преведувачка/толкувачка насока (со можност за почетно ниво)fr2021@flf.ukim.edu.mk
– Двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност-филолошка насокаfr-ro2021@flf.ukim.edu.mk
– Романски јазик и книжевност-филолошка насокаro2021@flf.ukim.edu.mk
– Руски јазик (почетно ниво)rus2021@flf.ukim.edu.mk
– Полски јазик (почетно ниво)pol2021@flf.ukim.edu.mk
– Двојазични славистички студии – руски и полски јазик (почетно ниво)rus-pol2021@flf.ukim.edu.mk
– Германски јазик и книжевностger2021@flf.ukim.edu.mk
– Англиски јазик и книжевност ang2021@flf.ukim.edu.mk
– Општа и компаративна книжевностokk2021@flf.ukim.edu.mk

– Преведување и толкување

– англиски/француски / – англиски/германски

pitang2021@flf.ukim.edu.mk

– Преведување и толкување

-француски/англиски / -француски/германски

pitfr2021@flf.ukim.edu.mk

– Преведување и толкување

-германски/англиски / -германски/француски

pitger2021@flf.ukim.edu.mk
– Италијански јазик и книжевностit2021@flf.ukim.edu.mk

  2. Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот на пријавата што автоматски им го генерирал iKnow-системот (upisi.ukim.mk) за електронско пријавување.

3. Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) потребните документи за пријавување. Документите што се прикачуваат задолжително треба да бидат скенирани/сликани од оригиналниот документ. Документите може да бидат скенирани или сликани и со мобилен телефон и потоа да се прикачат во прилог на пријавата. Препорачуваме пријавата да се пополнува на компјутер/лаптоп. Дозволена големина на документ: 2.0MB и дозволен тип на документ: pdf, png, jpg, jpeg, zip.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ (скенирани/сликани што се прикачуваат на iKnow-системот/upisi.ukim.mk и се испраќат по e-mail)

  • Универзитетски пријавен лист (се печати од електронската пријава на iknow-системот/upisi.ukim.mk)
  • Оригинални свидетелства од сите класови
  • Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)*
  • Извод од матична книга на родените
  • Доказ за државјанство на Р. Северна Македонија (уверение или решение)
  • Административна такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ххх-03161; Конто 722313 00) (види пример / ознаки на општините  ) 
  • Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Филолошки факултет „Блаже Конески“ за конкурирање на студиските програми без проверка на знаења и умеења (види пример)
  • Универзитетски пријавен лист (се печати од електронската пријава на iknow-системот/upisi.ukim.mk)
  • Интерен пријавен лист (се печати од електронската пријава на iknow-системот/upisi.ukim.mk)
  • Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и во дипломите не е наведена националната припадност) (се печати од електронската пријава на iknow-системот/upisi.ukim.mk)
  • Изјава за неподигање на документите (се печати од електронската пријава на iknow-системот/upisi.ukim.mk)
  • Изјава за согласност за лични податоци (се печати од електронската пријава на iknow-системот/upisi.ukim.mk)
  • Изјава за веродостојност и точност на поднесените скенирани документи (се печати од електронската пријава на iknow-системот/upisi.ukim.mk)
  • Изјава за неконкурирање на друг универзитет (се печати од електронската пријава на iknow-системот/upisi.ukim.mk)
  • Изјава за согласност за кофинансирање на студииите (се печати од електронската пријава на iknow-системот/upisi.ukim.mk)

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

  • Кандидатите кои конкурираат за ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ освен горенаведените ги поднесуваат и следните документи:

 – нотарски заверен образец М1/М2 или

 – лекарско уверение од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

  • Кандидатите кои конкурираат за упис, а остваруваат право согласно Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РСМ и членовите на нивните семејства (1. припадникот на безбедносните сили, 2. децата на загинат или починат припадник и 3. децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет) и со Законот за посебните права на учесниците во мировните операции и операциите за колективна одбрана надвор од територијата на Република Македонија и на членовите на нивните семејства покрај горенаведените документи при пријавувањето поднесуваат и документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи. 

Дополнителното доставување документ за овие кандидати не се зема предвид.

  • Соодветна документација за: лица без родители, лица од прв и втор степен на инвалидност, воени инвалиди или лица растени во домови за напуштени деца.

За останатите категории на кандидати се применуваат одредбите од Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година

При евентуални технички проблеми при пријавувањето пишете на: admin@flf.ukim.edu.mk

На Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во учебната 2021/2022 година може да се запишат следниов број студенти:

Филолошки факултет „Блаже Конески“
(бул. „Гоце Делчев“ бр. 9А) (8 семестри)
Редовни (200 евра)Редовни со школарина (400 евра)Вонредни (400 евра)Вкупен број студентиСтуденти - странски државјани (2000 евра)
520400130105020% од вк. бр. студенти
Македонски јазик и јужнословенски јазици40301080
- македонски јазик40301080
Македонска книжевност и јужнословенски книжевности40301080
Албански јазик и книжевност55555115
- наставна насока2525555
- преведување и толкување - немајчин1515-30
- преведување и толкување - мајчин1515-30
Турски јазик и книжевност50202090
- турски јазик и книжевност – мајчин25101045
- турски јазик и книжевност – немајчин25101045
Романски јазици и книжевности652520110
- француски јазик- наставна и преведувачка/толкувачка насока (со можност за почетно ниво)30101050
- двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност – филолошка насока155525
- романски јазик и книжевност – филолошка насока2010535
Славистика50202090
- руски јазик (почетно ниво)25101045
-полски јазик (почетно ниво)105520
- двојазични славистички студии- руски и полски јазик (почетно ниво)155525
Германски јазик и книжевност30301575
Англиски јазик и книжевност555510120
Општа и компаративна книжевност30301070
Преведување и толкување8080-160
- англиски јазик/француски јазик
- англиски јазик/германски јазик
3030-60
- француски јазик/англиски јазик
- француски јазик/германски јазик
2525-50
- германски јазик/англиски јазик
- германски јазик/француски јазик
2525-50
Италијански јазик и книжевност25251060
Рокови за пријавување и запишување

Рокови за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование

 Прв рокВтор рокТрет рок
Пријавување на кандидатите31.8. и 1.9.202116 и 17.9.202128.9.2021
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа)3.9.202120.9.2021 
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)7.9.202124.9.2021 
Запишување на кандидатите10. и 13.9.202127.9.202130.9.2021

Забелешка:
По реализацијата на првиот уписен рок, за непополнетите места на факултетите, односно студиските програми, Универзитетот, на интернет страницата ќе објави број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2021/2022 година.

По реализацијата на вториот уписен рок, за непополнетите места на факултетите, односно студиските програми, бројот на слободни места за запишување во третиот уписен рок во учебната 2021/2022година, ќе биде објавен на на интернет страниците на единиците.

Документи за запишување

Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
1. Индекс, студентска легитимација и пријавни листови
2. Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3)
3. Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.
Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.