EMAIL: ajten.qamili@flf.ukim.edu.mk
Основното образование го завршила во О. У. „Браќа Миладиновци” во родниот град со одличен успех. При ова школување освоила неколку награди на локални и регионални натпревари. Од овој период се издвојува наградата од републичкиот конкурс за книжевни креации: „Најдобра поезија за мајката“ во март 1991 година објавена во весникот „Flaka e vëllazërimit“- Скопје и прогласувањето за „најдобар ученик на генерацијата”.
Средното образование го завршила во гимназијата „Нико Нестор” во Струга со одличен успех. Била уредник на школското списание „Gjimnazisti“, во кое објавила неколку поезии и сказни. На републичкиот натпревар „Млади истражувачи од Република Македонија“ одржан во Струмица во мај 1994 година таа го освоила третото место.
Високото образование го завршила на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при Катедрата за албански јазик и книжевност. Во овој период била член на редакцискиот одбор на студентското списание „Rrezja“, во кое има објавено поезии, сказни и интервјуа. Таа беше прогласена за „Најдобар студент на факултетот“, „Гордост на Студентскиот сојуз на Филолошкиот факултет“ и „Студент со највисок просек“ од страна на ОСАМ „Фан Стлиан Ноли“, додека од ректоратот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се прогласува како „Најдобро дипломиран студент со највисок просек во учебната 2001/2002 година“, пришто се наградува со златен медал.
Во септември 2003 година ги завршила последипломските студии на отсекот за албански јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје со просек 9.80. Магистрирала во мај 2008 година на тема: Социјалните варијанти на албанските струшки говори и меѓујазичната интерференција (кај еднојазичните, двојазичните и повеќејазичните говорители).
Докторирала на 24. 11. 2011 г. со докторска дисертација на тема: Албанските говори од струшкиот регион (во балкански контекст) и се здоби со звањето доктор на филолошки науки.
Од 2001 г. таа работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, прво како демонстратор, потоа асистент, а сега е редовен професор. Таа била ментор на 6 магистерски трудови, на 3 докторски дисертации и на над 350 дипломски трудови. Во текот на овие 22 години таа учествувала со статија на над 70 научни конференции.
Исто така, таа учествувала на обуки: за Мини-бизнисот; Оценување и вреднување на студенти; Имплементација на предавања со интерактивни методи; Креирање на бизнис преку враќање на запоставената традиција и нивното пласирање; Правата на жените; Сексуално преносливи болести; Семејно насилство; Соработка со медиумите и нивната употреба за позитивни цели; Воспоставување соработка со припадниците на другите националности; Создавање на мрежа на невладини организации за зајакнување на жените во политиката, Оценување и вреднување на студенти и др. Освен тоа, професор Ќамили учествувала во неколку државни и невладини комисии и одржувала пленарни и секциски предавања и обуки.
Ајтен Ќамили многу често е присутна на сите видови медиуми: на ТВ дебатни емисии, радио емисии, весници и портали (AlsatM, TVM2, TV Shenja, ERA, ТВ24, TV21, ТелмаТВ, KOHA, Radio Shkupi, Portalb, KlanMK и др.).
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Таа е лектор и јазичен уредник на книгите:
Таа е главен екзекутивен уредник на книгите:
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):