Добредојдовте во вашата алумни заедница!

Сакаме поврзаноста што ја имате со Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ да остане долго по вашето дипломирање! 

Затоа, навраќајте ѝ се на оваа страница и следете ги најновите вести, поканите за настани и можностите за поврзување со вашиот факултет!

Наскоро ќе започнеме со планирање настани дизајнирани специјално за нашите алумни. Ќе имате можност да следите јавни предавања, проекции на филмови и дебати, како и низа настани од сферата на образованието и културата. 

Останете поврзани со колегите и запознајте ги вашите идни колеги! Ќе нè радува ако сакате да одвоите доколку одвоите дел од вашето време и ги поддржите сегашните и идните студенти. Воедно, ова е можност да се поврзете и со останатите алумни на Филолошкиот факултет, со што ќе ви се отворат вратите за понатамошна професионална соработка.

Промовирајте ја вашата работа и успех во заедницата и донирајте за да ги поддржите најранливите категории студенти! 

Следете нé!