Добредојдовте во вашата алумни заедница!
Сакаме поврзаноста што ја имате со Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ да остане долго по вашето дипломирање!
Затоа, навраќајте ѝ се на оваа страница и следете ги најновите вести, поканите за настани и можностите за поврзување со вашиот факултет!
Наскоро ќе започнеме со планирање настани дизајнирани специјално за нашите алумни. Ќе имате можност да следите јавни предавања, проекции на филмови и дебати, како и низа настани од сферата на образованието и културата.
Останете поврзани со колегите и запознајте ги вашите идни колеги! Ќе нè радува ако сакате да одвоите доколку одвоите дел од вашето време и ги поддржите сегашните и идните студенти. Воедно, ова е можност да се поврзете и со останатите алумни на Филолошкиот факултет, со што ќе ви се отворат вратите за понатамошна професионална соработка.
Промовирајте ја вашата работа и успех во заедницата и донирајте за да ги поддржите најранливите категории студенти!
Следете нé!

Катерина Миленова Захариев
Супервизорза
раководење со клучни клиенти од автомобилската индустрија во Европа – оддел за
поддршка на продажба и клиенти при КЕМЕТ Електроникс

Кристина Плечиќ Беќарова
Проектен координаторза родово одговорно буџетирање во UN Women

Катерина Сотирова
Наставникво НОВА меѓународни училишта

Елена Филиповска Божиновска
Сопственикна „Сказалка“ центар за македонски јазик за странци

Борјана Мојсовска
Сениор истражувачки аналитичарКантар – глобален центар за истражување, Прага

Славчо Димитров
Асистентна Факултетот за правни и политички науки, ФОН Универзитет
и независен истражувач во областа на културните студии и квир теорија

Ирена Јорданова
ПИСАТЕЛ
Петар Андоновски
ПИСАТЕЛ
Ана Јакимска
Филмска режисерка
Љубинка Брашнарска
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТВисок комесаријат за бегалци на Обединетите нации

Сандра Ангеловска Богатиноска
Фриленспреведувач и толкувач

Ирена Минова
Сопственикна јазичниот центар Мондолинк и преведувач/толкувач

Филип Момировски
Сопственикна маркетинг агенцијата "Медиа Таг"
