EMAIL: agjurcinova@flf.ukim.edu.mk
Работела како асистент и научен соработник во Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност во Институтот за македонска литература во Скопје (1987-2001). Oд 2002 година работи како професор на Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Истражувачки интереси: италијанистика, компаратистика, преведувачки студии, интеркултурни студии.
Била раководител на следните научноистражувачки проекти:
Учествувала во голем број национални и меѓународни истражувачки проекти, чии носители се МАНУ, Институтот за македонска литература и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Реализирала повеќе студиски престои во Италија, меѓу кои и четиримесечен престој на Универзитетитот во Удине (1995). Учествувала со предавања и реферати на голем број научни конференции во земјата и во странство, на Универзитетите во Рим, Бари, Неапол, Фоџа, Лече, Милано, Торино, Париз, Хемниц, Лисабон, Провиденс, Белград, Загреб, Софија, Бања Лука, Будимпешта, Нитра, Солун, Фиренца, Сиена, Козенца, Риека, Трст, Палермо.
Била продекан за финансии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (2016-2020) и раководител на Катедрата за италијански јазик и книжевност (2010-2012).
Била претседател на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија (2001-2005) и на Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје (2008-2017).
Награди и признанија
Двапати е одликувана од Претседателот на Република Италија: со орден „Витез од редот Stella della solidarietà italiana“ (2006) и „Офицер од редот Stella dell’Italia“ (2019).
Двапати ја добила наградата „Златно перо“ од Здружението на книжевни преведувачи на РМ: за преводот на Невидливите градови од Итало Калвино (2006) и за преводот на Декамерон од Џовани Бокачо (2013).
Добитник е на Национална награда за превод на италијанската литература во странство, (Premio maggiore), доделена од италијанското Министерство за култура (2015).
Добитник е на Златен медал за посебни заслуги и Diploma di benemerenza од Друштвото „Данте Алигиери“ од Рим (2017).
Книги (научни)
автор
уредник, ко-уредник:
Книги
уредник или ко-уредник, антологии:
Книги (преводи од италијански јазик):
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици, до 30):
https://doi.org/10.1080/10848770.2022.2122888