Дипломира и магистрира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што во 2002 година се стекнува со звањето доктор по филолошки науки. Во моментов е редовен професор во трајно звање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, каде што води група предмети од областите наука за книжевност и културологија, на сите студиски циклуси.
Од 2009 до 2012 година е и визитинг професор на втор циклус Интердисциплинарни културолошки студии во книжевноста (Институт за македонска литература, Скопје), а од 2012 до 2014 година е визитинг професор на Докторската школа по општествено-хуманистички науки и на Катедрата за културологија при Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек (Р.Хрватска).
Ментор е на 3 магистерски и 1 докторски труд.
Учесник е на педесетина меѓународни конференции во земјата и во странство, како и на Летната школа за странски слависти во Дубровник (2014). Застапена е во меѓународни зборници и списанија. Била дел од повеќе факултетски комисии и член на Работната група за предлози на Законот за високото образование, во рамки на Филолошкиот факултет.
Остварува научно-истражувачка работа во неколку меѓународни и домашни проекти: надворешен странски консултант на проектот Identity Politics and Croatian Drama from 1990 to 2016 (2016-2017); Projekt Andrić-Initiative (2008-2016) на Institut für Slawistik der Karl-Franzens-Universität Graz; Меѓународен научно-истражувачки проект Културна интеграција и стабилност на Балканот на МАНУ и БАН (2016); Национален научно-истражувачки проект Интерпретативни стратегии: методи на книжевната херменевтика при Одделението за лингвистика и литературна наука во МАНУ (2017); Национален проект Ѕвезди на светската книжевност на Министерството за култура на Република Македонија (2013); Национален проект Македонска книжевност на Министерството за култура на Република Македонија (2008) и др.
Од 2007 до 2014 година е надворешен претставник во Управниот совет на Институтутот за македонска литература во Скопје.
Учесник е во неколку стручни жирија и одбори за доделување национални награди и признанија: „Браќа Миладиновци“ на меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата (2020, 2010 и 2011), „Роман на годината“ на Утрински веснк (2009), „Григор Прличев“ за најдобра поема (2015), „Димитар Митрев“ награда за критика и есеистика на ДПМ (2018) и „Перото на Петар Кочиќ“ што ја доделува Zadužbina Petra Kočića (Banja Luka, 2010).
Член е на Друштвото на писателите на Македонија и добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика во 2017 година.
Авторство/ко-авторство (книги):
Авторство/ко-авторство (антологии):
Библиографија на научни и стручни статии:
Линкови :
Aнгелина Бановиќ-Марковска — Википедија (wikipedia.org)
https://eprints.ugd.edu.mk/8669/7/Proceedings%20CM%20vol%201.pdf
https://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/101/87