Современ француски јазик 4
Современ француски јазик 6
Современ француски јазик 8
Преведување од македонски на француски јазик 4
EMAIL:
Основно образование завршила во Агадир, Мароко, а средно образование во Ница, Франција, во Гимназијата „Парк Империјал“. Во учебната 1985/1986 година се запишала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за француски јазик и книжевност каде го изучува италијанскиот јазик како втор главен предмет. Таа паралелно студира две насоки : наставна и преведувачка насока. Предвидените испити на додипломските студии ги положила во предвидениот рок, со висок просек. Во 1990 година се стекнува со звањето „Професор по француски јазик и книжевност со италијански јазик и книжевност и дипломиран преведувач по француски јазик“.
Во февруари 1993 год. била примена на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ како лектор по француски јазик и е ангажирана во практичната настава по предметите Француски јазик и Преведување од македонски на француски јазик, на прв циклус студии.
Во 1998 год. учествувала во проектот ТЕМПУС-ФАРЕ (TEMPUS-PHARE -JEP, бр. 12261-97) одобрен од Европската комисија во Брисел, со кој се формира Катедрата за преведување и толкување. Во текот на реализацијата на проектот таа следела обука за стручно усовршување во времетраење од шест седмици на Институтот за преведувачи, толкувачи и меѓународни односи (Institut de Traducteurs, d’Interprètes et de Relations Internationales) при Универзитетот за општествени науки во Стразбур, Франција.
Од учебната 2001/2002 година била ангажирана на Катедрата за преведување и толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за изведување настава по предметите Француски јазик и Преведување од македонски на француски јазик, на прв циклус студии.
Во академската 2007/2008 год. била вклучена во изведувањето на наставата по предметот Француски деловен јазик, на постдипломски студии „Јазици, бизнис и меѓународна трговија“ организирани од Филолошкиот факултет во Скопје, Универзитетот во Орлеан, Франција и Економскиот факултет од Скопје.
Се запишала на постдипломски студии на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во областа „наука за јазик“ и во 2013 год. успешно го одбранила својот магистерски труд под наслов „Еуфемизмите во францускиот и во македонскиот јазик“.
Покрај својата наставно-образовна дејност, Анита Кузманоска посетувала и активно учествувала во голем број летни школи и семинари во организација на Амбасадата на Франција во Р. Македонија, на Здружението на професори по француски јазик на Р. Македонија и на Францускиот институт во Скопје. Стручната обука организирана од страна на француското Министерство за образование ѝ овозможила добивање акредитација за испитувач за меѓународната диплома за француски јазик ДЕЛФ/ДАЛФ. Кузманоска е член на рецензиски комисии за избор во звање и за стручно мислење при избор на учебници. Taa, исто така, учествува со свои трудови во голем број домашни и меѓународни научни и стручни собири во земјата и во странство.
Речник :
Книги :
Книги (преводи) :
Библиографија на научни и стручни статии :
Линкови :
–Пленарно предавање на научен /стручен собир : « Comment définir la notion d’euphémisme dans la langue française » , Меѓународна научна конференција Језик и културе у времену и простору, Филозофски факултет, 2016, Нови Сад, Р. Србија.
https://digitalna.ff.uns.ac.rs/sites/default/files/db/books/978-86-6065-374-3.pdf
-Тематски речник од областа на ботаниката со наслов Мал речник на називи на растенија (македонско-француски /француско-македонски) – второто (електронско) издание на УКИМ (2019) https://www.ukim.edu.mk/e-izdanija/FLF/Mal_rechnik_na_nazivi_na_rastenija.pdf