Фонетика на албанскиот јазик
Граматика на албанскиот јазик 1
Дијалектологија на албанскиот јазик 1
Фонологија на албанскиот јазик
Граматика на албанскиот јазик 2
Дијалектологија на албанскиот јазик 2
Дијалектите на албанскиот јазик и географска лингвистика
Функционални стилови во албанскиот јазик
EMAIL: ahamiti@flf.ukim.edu.mk
Образование:
Аслан Хамити е роден на 20.05.1960 во с. Годен, Гњилане. Осноното и средното образование ги заврши во Скопје со одличен успех. Додипломските студии ги завршил на Катедра за албански јазик и книжевност – наставна насока, Филолошки факултет „Баже Конески“ при универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 1985 година со просек 9.07.
Магистрирал на Филолошки факултет во Приштина на тема: “Gjuha shqipe në fjalorët shumëgjuhësh të Gjorgji Pulevskit”, 1992 година и на Филолошки факултет „Блаже Конески“ при универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема „Албанскиот јазик во речниците на Ѓорѓи Пулевски“, 1994 година.
Докторирал на Филолошки факултет „Баже Конески“ при универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема „Говорот на Албанците од Скопска Црна Гора“, 1999 година.
Работно искуство:
По завршување на додипломските студии е избран за стажант – приправник по албански јазик при Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (1986 година) а потоа во продолжение е избран за помлад асистент по предметите Фонетика на албанскиот јазик, Дијалектологија на албанскиот јазик и Историја на албанскиот јазик (1988 година), асистент по истите предмети (1994 година), доцент по Современ албански јазик (1999 година), вонреден професор по предметите Фонетика и фонологија на албанскиот јазик, Дијалектологија на албанскиот јазик и Историја на албанскиот јазик (2004 година) и редовен професор по истите предмети (од 2009 година) и наваму.
Како надворешен соработник држел настава и на неколку универзитети во Северна Македонија и Косово, како во Факултет за менаџмент и информатичка технологија во Скопје, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Универзитетот во Тетово, во Филолошкиот факултет при универзитетот „Укшин Хоти“ во Призрен и Европскиот Колеџ во Приштина (Косово).
Учество во проекти:
Други ангажмани:
(студиски престои, преведување, работа во комисии и/или одбори, учество во работилници, менторирање, учество во конференции, итн.):
Во студиски престој еден месец бил во Академија на науките на Албанија (1998 год.), член на Наставно-научниот совет на Факултетот, член на одредени комисии, одбори и тела; секретар и раководител на Катедрата за албански јазик и книжевност (во два мандата, 2008-2012 год.), раководител на трет циклус – докторски студии на студиската програма Наука за јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје; акредитиран ментор за втор и трет циклус студии по наставната програма Албански јазик со менторирање на 10 магистранти и 11 докторанти и др.
Хамити е доста активен и надвор од факултетот. Активно учествува во одредени комисии и тела при Министерството за образование и Наука на РСМ, Министерството за култура, Бирото за развој на образованието, Државниот архив, Институт оа за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, Агенцијата за примена на јазикот во Република Северна Македонија и др. Два мандата (четири години: 2020-2021 и 2022-2023 година) бил член на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, Министерството за култура на РС Македонија.
Книги (научни – автор):
Универзитетски учебници:
Школски учебници:
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии: