прв циклус студии:

  • Вовед во германистиката 1,2

  • Современ германски јазик 3,4

  • Морфологија 1,2 (вежби)

втор циклус студии:

  • Семантика на германскиот јазик

трет циклус студии:

  • Прагматика и анализа на дискурс

Образование

Во 2019 год. дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и го стекнала називот професор по германски јазик и книжевност со англиски јазик и книжевност. На истиот факултет во 2010 год. го одбранила својот магистерски труд, а во 2016 год. и својата докторска дисертација.

Работно искуство

Во 2006 год. била избрана во звањето помлад асистент во областа Граматика на германскиот јазик, на што се надоврзал реизборот во истото звање во 2010 год., а во 2011 год. се стекнала со звањето лектор. Потоа уследил изборот во звањето виш лектор во областа Германски јазик во 2015 год., во 2017 год. – изборот во доцент за областите Германистика, Применета лингвистика и Компаративна лингвистика, а во 2022 год. – во вонреден професор за истите области.

 

Учество во проекти

„Гралис-мак“ во рамките на проектот „Гралис“ на Институтот за славистика при Универзитетот „Карл-Франц“ во Грац, Австрија, и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, 2010   2012 год.

„Електронски филолошки ресурси“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, 2012 2014 год.

„Квалитетот во наставата во високото образование“ на Независниот академски синдикат, 2020  2021 год.

 

Други ангажмани

Семинар за високошколска дидактика на Педагошкиот факултет во Нирнберг во 2007 год., Семинар за усовршување на асистенти во областа на германистиката, во организација на Фондацијата Роберт Бош и ДААД во Варна во 2007 год., Годишна конференција на Австриското здружение на наставници по германски како странски јазик во Виена во 2014 год. и многу други.

Учествувала на годишните конференции на Здружението на германисти на Југоисточна Европа во: Сараево во 2014 год., Крагуевац во 2015 год., Бар во 2016 год., Дубровник во 2017 год., Скопје во 2018 год., Марибор во 2019 год. и Приштина во 2023 год., како и на: „II меѓународен научен симпозиум за настава по странски јазици“ на Филолошкиот факултет во Белград во 2016 год., Меѓународната конференција „Словенско-германски средби“ во Осиек во 2017 год. и „L меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ“ во Охрид во 2023 год.

Гостувала со предавања на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Ј. Ј. Штросмаjер“ во Осиек во 2015 год., во рамките на програмата „ЦЕЕПУС“.

Научни и стручни статии:

  1. Станкова, Б. (2011). Минато-идното време и неговите германски еквиваленти од значенски аспект, Меѓународен научен симпозиум „Блаже Конески и македонскиот јазик, литература и култура“, 403–415. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“.
  2. Станкова. Б. (2013). Видови еквивалентност меѓу македонскиот и германскиот јазик, Славистички студии 15–16, 197–203. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.
  3. Станкова, Б. (2017). Видови еквивалентност помеѓу компаративните фразеологизми во германскиот, српскиот и македонскиот јазик, Меѓународна научна конференција „Зборот збор отвора“, 275–288. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.
  4. Станкова, Б. (2017). Контрастивна анализа на глаголскиот аспект во германскиот и во македонскиот јазик врз примери од расказот „Во казнената колонија“ од Франц Кафка, Славистички студии 17, 127–139. Скопје: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
  5. Станкова, Б. (2018). Глаголските времиња претеритум и перфект во германскиот јазик и нивните македонски еквиваленти во новинарско-публицистичкиот стил, Славистички студии 18, 169–181. Скопје: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
  6. Stankova, B. (2018). Времето како граматичка категорија во германскиот и во македонскиот јазик. O jeziku sa raznih apekata, Primenjena lingvistika u čast Vesni Berić-Đukić, 115–129. Novi Sad-Beograd: Društvo za primenjenu lingvistiku Srbije, Filozofski fakultet Univerziteta u Novom Sadu, Filološki fakultet Univerziteta u Beogradu.
  7. Станкова, Б. (2021). Споредба помеѓу традиционалниот и машинскиот превод врз примери на публицистички текстови на Дојче веле и нивниот превод на сервисот Гугл, Славистички студии 21, 165–181. Скопје: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
  8. Најчевска, М., Заревски, Д., Наумовска, Б., Станкова, Б. Имери, Љ. (2021). Присуството на академскиот кадар и високообразовните установи во јавноста и нивното влијание врз заедницата. Скопје: Независен академски синдикат.
  9. Stankova, B. (2022). Tempus und Aspekt. Deutsch-mazedonische Kontraste. Horizonti jezika i kultura. Zbornik posvećen 45-godišnjici Grupe za skandinavistiku Filološkog fakulteta u Beogradu i 75-godišnjici rođenja  dr Ljubiše Rajića (1947–2012). Beograd: Filološki fakultet Univerziteta u Beogradu (електронско издание во подготовка).
  10. Станкова, Б. (2022). Честите грешки на студентите на испитот по Современ германски јазик 3 и 4. Литературен збор 4–6, 33–43. Друштво за македонски јазик и литература, Скопје: МАР-САЖ.
  11. Станкова, Б. (2022). Метафорички концепти на соматските фраземи со компонента СРЦЕ/HERZ во македонскиот и во германскиот јазик, Славистички студии 22, Скопје: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (во печат).
  12. Станкова, Б. (2023). Германските еквиваленти на минато-идното време во десет македонски прозни дела, Славистички студии 23, Скопје: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (во печат).
  13. Станкова. Б. (2023). Примена на комбинираното учење во наставата по предметот Современ германски јазик 3 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Литературен збор 1–3, стр. 123. Друштво за македонски јазик и литература, Скопјe: МАР-САЖ.
  14. Станкова, Б. (2024). Дали слоганите даваат крилја? – Контрастивна германско-македонска анализа. L меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Охрид, 1 – 3 септември 2023. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (во печат).