Центар за кариера и поддршка на алумни

На Факултетот работи Центар за кариера и поддршка на алумни  кој е дел од Центарот за кариера на Универзитетот.
Раководител на Центарот е м-р Милена Недевска, а негови членови се д-р Ведран Диздаревиќ и м-р Ана Димовска  го сочинуваат членови од редот на наставен и/или ненаставен кадар и студенти.
            Центарот во рамките на своите надлежности, ги врши следните работи:
– подготвува тригодишна Стратегија за развој на Центарот со едногодишен Акционен план и буџет кој ги доставува на усвојување на Наставно-научниот совет;
– учествува во организирање на практичната настава за студентите;
– дава предлози за иновирање на наставата за потребите на државата и пазарот на трудот;
– ја поттикнува и организира волонтерската работа на студентите;
– соработуваат со координаторите на програмите за мобилност со цел поттикнување и организирање на мобилноста на студентите на универзитетите во странство;
– организира индивидуални и групни консултации за напредок во кариерата и идните планови на студентите;
– организира работилници и семинари;
– организира саеми за кариера;
– организира Отворени денови на Факултетот, со цел запознавање на учениците и другата јавност со можностите за студирање на Факултетот;  – остварува контакти со потенцијални предавачи претставници на приватниот и јавниот сектор, со цел држење едукативни семинари за презентација на својата компанија, односно државна и јавна институција;
– организира посети на студентите во компаниите и во државните и јавните институции;
– подготвува водичи за работодавачите од различните сектори со цел нивно информирање за стручните квалификации на студентите;
– ги ажурира информациите за можностите за пракса, работа (волонтерска и платена), глобалните програми за стажирање и програмите за мобилност надвор од државата;
– поврзување на стопанството со Факултетот;
– ширење на угледот и промоција на Факултетот;
– води посебна евиденција за поранешни студенти (алумни) и ги ангажира за реализација на активностите на центарот за кариера и поддршка на алумни;
– остварува континуитет во соработката со дипломираните студенти на трите циклуси на студии;
– систематско собирање на искуства и препораки од поранешни студенти со цел за подобрување на квалитетот на струдирањето и работата на Факултетот во целина;
– создавање на поврзаност помеѓу Факултетот и генерациите на поранешни и сегашни студенти, академската и пошироката заедница во земјата и во странство;
– ширење на општествена свест за алумни идејата и културата, како облик на општествено одговорно однесување;
– зголемување на чувството на припадност и лојалност на алумни при Факултетот;
– врши други работи за реализација на надлежностите, активностите и слично на Центарот.
 

Галерија