ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА


Во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 3 и 4 април 2024 година ќе се одржи годинешното издание на манифестацијата 

„Денови на македонската литература“.


Мнифестацијата ќе биде отворена на 3 април 2024 година (среда), во 12 часот, со предавање на проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска, којашто сиот свој работен век го мина на оваа Катедра на Филолошкиот факултет. Предавањето ќе биде на тема Српскиот и македонскиот книжевен романтизам, а ќе се одржи во Библиотеката за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет.

Истиот ден, со почеток во 18 часот, во амфитеатарот 3 на Филолошкиот факултет ќе се одржи студентска вечер на македонската книжевност и култура „Непрочитано писмо“. Студенти од повеќе генерации го обединија својот креативен потенцијал и подготвија програма со која преку рецитал, драматизација, музички точки и видео-проекции ќе се претстави дел од развојот на македонската книжевност и култура, со антологиски дела по нивен избор.

Вториот ден од манифестацијата, 4 април 2024 година (четврток) ќе биде посветен на професори што предаваат македонска книжевност на странски универзитети. Нивните предавања во рамките на манифестацијата ќе се одржат виртуелно, преку платформата Зум.

Во 10 часот, предавање ќе одржи проф. д-р Жељко Милановиќ од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад.


Како се предава македонската книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад?


Topic: Предавање на проф. д-р Жељко Милановиќ

Time: Apr 4, 2024 10:00 AM Sarajevo, Skopje, Zagreb

Join Zoom Meeting

https://us02web.zoom.us/j/81030461589?pwd=b2NXVVZsVXlkSDBPbGpOK2t6bUhEdz09

Meeting ID: 810 3046 1589

Passcode: 715615


Во 11 часот, предавање ќе одржи проф. д-р Намита Субиото од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.


Рецепцијата на расказот „Вампир“ од Петре М. Андреевски во Словенија: од превод до адаптација во музичко-раскажувачки перформанс


Topic: Предавање на проф. д-р Намита Субиото

Time: Apr 4, 2024 11:00 AM Sarajevo, Skopje, Zagreb

Join Zoom Meeting

https://us02web.zoom.us/j/85011295043?pwd=b1M1TG55TWV6bnpTNUZBdjlnR2JNUT09

Meeting ID: 850 1129 5043

Passcode: 310191


Гостинските предавања на професорите по македонска книжевност од странските универзитети се планира да бидат натамошна постојана практика во рамките на настаните што на Филолошкиот факултет се организираат со влог на Катедрата за македонска книжевност и култура.

Сите настани од програмата на манифестацијата „Денови на македонката литература“ се од отворен карактер и ни претставува чест и задоволство да ве покануваме да присуствувате и да бидете дел од нив.