Француска книжевност 1
Француска култура и цивилизација 1
Француска книжевност 2
Француска книжевност 7 – Роман 20 век
Франкофонски култури
Француска книжевност 8 – Франкофонски култури
Културолошки проучувања (француски јазик Б/В)
Феноменот на патувањето во делата на Маргерит Јурсенар
Автофикцијата во современата француска литература
Ролан Барт – критички методи
EMAIL: e.popovska@flf.ukim.edu.mk
Дипломира на на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“. Докторира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на тема од областа на француската книжевност и се стекнува со звањето доктор по филолошки науки. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ работи од 1994 година. Во својство на поканет професор изведува настава на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола (2006 – 2009) и на Департманот за француски јазик и литература при Филозофскиот Факултет во Ниш, Србија (2015 – 2017). Учествува во повеќе проекти меѓу кои: меѓународни – Романистиката и словенските јазици, литератури и култури во контакт и дисконтакт (во партнерство со универзитети од Србија, Босна и Херцеговина, Франција и Полска), Методологии и иновациски практики во дидактиката по француски како странски јазик (во соработка со универзитети од Романија и Ерменија), Dialogue d’expertise (проект на Францускиот Институт од Париз и на Универзитетската Агенција за Франкофонијата за динамизирање на изучувањето по француски јазик во универзитетски рамки); национални – Книжевници наставници на Филолошкиот факултет (Филолошки факултет „Блаже Конески), Поимник на книжевната теорија 1 и 2 (МАНУ). Извршува повеќе одговорни функции: Раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (2011 – 2013); Претседател на Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија (2015 – 2017); Раководител на Колегиумот за втор циклус студии по Наука за книжевноста и културолошки студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (2019 – 2021); актуелен претседател на уредувачкиот одбор на меѓународното списание Современа филологија. Членува во Меѓународното здружение за проучување на делото на Маргерит Јурсенар (Société Internationale des Études Yourcenariennes – SIEY) и во истражувачката екипа „Автобиографија и преписки“ при Националниот Центар за научни истражувања на Франција (“Autobiographie et Correspondances”) – ITEM/CNRS. Учествува со свои излагања на многубројни меѓународни конференции меѓу кои: 2022 – “Les langues, les littératures et les cultures françaises et slaves en contact et en divergence”, во организација на Филолошкиот факултет од Универзитетот во Вроцлав, Полска; 2017 – “Création et Réalité d’Expression Française et Francophone” во организација на Здружението на француските и франкофонски професори на Америка (SPFFA), во организација на Универзитетот во Њујорк, САД; 2016 – XIV Светски конгрес на професорите по француски јазик Français, langue ardente, Лиеж, Белгија; 2013 – „Траги, фрагменти, остатоци“ во организација на Ivan Allen College of Liberal Arts of the Georgia Institute of Technology, Атланта, САД.
Книги (научни):
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии (избор):