Старословенски јазик
Споредбена граматика на словенските јазици
Современ македонски јазик
Методологија на научната работа
Историја на македонскиот јазик.
Одржувала настава по предметот Старословенски јазик и на додипломските и постдипломските студии на Филозофскиот факултет
Историја на македонскиот јазик со дијахрониска лингвистика
Истражувачки методологии и техника на научна работа
Историја и теорија на проучување на словенските јазици
Методологија на обработка на црковнословенските ракописи
Социолингвистика на наставата по македонски јазик како странски.
Ментор е на неколку магистерски и докторски труда.
EMAIL: emilija@ukim.edu.mk
Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата за македонски јазик во 1982 година. На истиот факултет магистрирала во 1988, а докторирала во 1996 година.
Работно искуство
Член на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е од 1982/83 год. како стажант, а во 2006 година е избрана во последното звање, редовен професор. Работела како лектор по македонски јазик на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва (1986/87 год.). Гостувала со предавања на повеќе странски универзитети: Загреб, Љубљана, Неапол, Блумингтон, Брно, Тирана. Учествувала на повеќе домашни и меѓународни конференции во: Русија, Хрватска, Србија, Бугарија, Словенија, Белорусија, САД, Чешка, Грција, Италија, како и на три меѓународни славистички конгреси (Љубљана, Минск, Белград). Учествувала во работата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура како повеќегодишен лектор, предавач и директор, како и со реферати на Научната конференција.
Учество во проекти
Домашни проекти:
Меѓународни проекти:
Работа во комисии, одбори, работилници, менторирање, конференции
Ги исполнувала следниве функции: продекан за настава (2000-2001); шеф на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици (2005-2007); раководител на постдипломските студии по македонски јазик; директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (2006-2010); член на: Универзитетскиот сенат (2017-2020); на Советот за македонски јазик (2017-2021), на Советот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, на Советот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“. Претседател на Македонскиот славистички комитет; член на: Меѓународниот комитет на славистите, Комитетот за византологија и медиевистика на Република Македонија, Библиска комисија на Меѓународниот комитет на славистите; Македонскиот национален комитет на AIESEE – Association Internationale d’etudes du Sud-Est européen; ASEEES – Association for Slavic, East European, and Euroasian Studies; на редакција на Меѓународниот уредувачки совет на списанието Slovo, Загреб. Член на редакција на Меѓународниот редакциски совет на списанието Вестник Московкого университета. Филология, Москва.
Била организатор на повеќе домашни и меѓународни конференции, а учествувала на триесетина меѓународни конференции во Русија, Чешка, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција, САД и др.
Книги
Книги во коавторство
Поглавја во книги
Уредник
на повеќе изданија: зборници, учебници, монографии на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (22 изданија од 2006-2010 год.),
Зборник во чест на Радмила Угринова-Скаловска по повод деведесетгодишнината од раѓањето. Скопје 2016, Зборници од Македонско-северноамериканската конференција и др.
Главен уредник на списанието Литературен збор (2000-2004)
Ко-уредник
(со Зоран Анчевски) на Зборник 100 години Конески и 75 години Филолошки факултет. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје 2023.
Ко-редактор
(со Андријевска, Н. и Макаријоска, Л.) на свеска од Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција, III, 14, Fg – gor5ti (г – горјати), Скопје 2021; III, 15, gor5ti-dvi’ati (горјати-движати), Скопје 2023: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ (продолжува).
Член на редакција
на: списанието Современа филологија (2017-2020), член на мeѓународниот уредувачки совет на списанието Slovo (Загреб), член на редакција на Меѓународниот редакциски совет на списанието Вестник Московкого университета. Филология, Москва.
Рецензент на повеќе меѓународни проекти и на трудови во странски списанија.
Библиографија на научни и стручни статии (избор)