Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС
за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година

Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2026/2027 година (бр. 09-1016/5 од 17.9.2026 г.), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС

за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година

 

  1. Со овој Конкурс се врши избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година
  1. Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2026/2027 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има:
  • само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
  • починат родител, или
  • родител кој го загубил родителското право.
  1. За спроведување на постапката за селекција на апликантите по овој Оглас, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје формира комисија.
  1. Апликантите, најдоцна до 22.10.2026 година до Претседателот на Комисијата во Архивата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, треба да достават ПРИЈАВА (в. линк за преземање) во која ќе наведат
    • за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии
    • за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити

Со пријавата во Архивата на Факултетот апликантите ги доставуваат и следниве документи:

  • за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии (се докажува со интерен пријавен лист);
  • за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити (се докажува со Уверение за положени испити со наведен просек);
  • потврда за последна исплатена плата на родителот, односно на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
  • доколку семејството остварува и дополнителен приход (Уверение за остварени приходи за сите возрасни членови на семејството издадено од Управа за јавни приходи);
  • за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи;
  • за пензионираните членови на семејството се доставува (чек од последна исплатена пензија/документ за висина на пензија;
  • за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд;
  • за починат родител – извод од матичната книга на умрените;
  • за дете со само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените (извод од матична книга на родените)
  • изјава за бројот на членовите во семејството (в. линк за преземање)
  • изјава за согласност за обработка на податоци (в. линк за преземање)

 

  1. Во постапката за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител Филолошкиот факултет ќе изврши евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената документација од сите пријавени кандидати (согласно чл. 5 од Одлуката). Комисијата самостојно ги пресметува поените и креира ранг – листа за секоја студиска програма и за секоја студиска година пооделно. Ранг – листите се објавуваат на интернет страницата на Филолошкиот факултет најдоцна до 28.10.2026 година.
  1. Апликантите имаат право на приговор по објавените ранг – листи најдоцна до 30.10.2026 година. Комисијата на Филолошкиот факултет ќе ги разгледа и ќе одговори на приговорите во рок од 5 работни дена. Доколку се утврди дека некој апликант поднел документација која не е веродостојна, истиот се симнува од ранг-листата. Прворангираните кандидати од секоја листа ја сочинуваат Конечната ранг-листа на добитници на погодноста за намалување на уписнината за Филолошкиот факултет.
  1. Ненавремените и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.
  1. Конечната ранг-листа Комисијата ја објавува најдоцна до 8.11.2026 година.

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ – СКОПЈЕ

Почитувани студенти,

 

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 293.
седница одржана на 20.9.2024 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на
уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден
родител и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2024/2025
година
Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов
Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои
се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус
студии за учебната 2024/2025 година.
Заинтересираните студенти за учество на Интерниот оглас до Претседателот на
Комисијата за спроведување на постапката за селекција на кандидатите за остварување на
правото за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната
2024/2025 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје доставуваат:
-Пријава за учество на Интерниот оглас;
-Придружна документација согласно Огласот соодветна за категоријата;
-Изјава за бројот на членовите во семејството.

Заинтересираните студенти Пријавата и целокупната документација ја поднесуваат во
Архивата на Факултетот најдоцна до 14.10.2024 година до 15:30 часот.
Некомплетните и ненаврмени пријави нема да бидат разгледувани.