Ве известуваме дека има двајца пријавени кандидати за претседател на Факултетското студентско собрание и 23 вкупно пријавени кандидати за членови на Факултетското студентско собрание.
Пријавени кандидати за претседател на Факултетското студентско собрание се:
Вања Чуков, трета година од катедрата за Англиски јазик и книжевност,
Мила Коруновска, трета година од катедрата за Превод и Толкување
Подолу се оставени нивните биографии и програми за работата на ФСС, кои предлагаме да ги разгледате внимателно пред да ја донесете вашата одлука на утрешните избори. Исто така ја прикачуваме и одлуката за утврдување на кандидати кои ги исполнуваат условите за претседател и членови на Факултетското студетско собрание. Во одлуката може да ги прочитате имињата на сите пријавени кандидати за членови на ФСС.
Изборите за претседател и членови за Факултетското студентско собрание ќе се одвиваат утре, на 29.2.2024 г. (четврток) во период од 11-15 часот по електронски пат. На вашите мејл адреси ќе пристигне линк за гласање кој ќе ве однесе до платформата на која треба да гласате.
Oтворeте ги мејловите кои ќе ви бидат пратени и остварете го вашето право на глас, бидејќи само така ќе ги избиреме нашите претставници. Како досегашен тим на ФСС, посакуваме среќа на сите пријавени кандидати и успешни избори!