Јазичен онлајн курс по македонски јазик за странци

 

Филолошкиот факултет нуди почетен курс по македонски јазик за странци.

  • Уписите ќе траат од 26.03.2024 до 01.04.2024.
  • Наставата ќе се одвива двапати неделно по 90 минути во вторник и четврток од 19:00 часот.
  • Цената на курсот изнесува 12 000 денари, со можност за плаќање на 3 рати (по 4 000 ден. на почетокот на април, мај и јуни).
  • Курсистите ќе добијат сертификат дека ја следеле наставата доколку бидат присутни на 80 % од изведените 60 часови.
  • Наставата ќе се одвива во групи од најмалку 5, а најмногу 15 курсисти.

 

Може да се пријавите на следниот линк: https://forms.gle/B56dDrxzHvvSa3qY9