Дипломирала во 2000 година на Групата за француски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ како студент на генерацијата. Во 2008 година, на истиот факултет го одбранила магистерскиот труд со наслов „Семиологија на органите на говорот во францускиот и во македонскиот јазик“, а во 2012 година го одбранила докторскиот труд со наслов „Семиологија на жената и на мажот во францускиот и во македонскиот јазик“.
Од 2000 до 2006 година работела како медијатекар и професор по француски јазик во Францускиот културен центар од Скопје. Во 2006 година била примена на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ како помлад асистент, по што следувале изборите во повисоки звања: асистент (2009), доцент (2013), вонреден професор (2018) и редовен професор (2022) во наставно-научната област Романистика (Граматика на францускиот јазик и Споредбена граматика на романските јазици). Во периодот од 2015 до 2023 година била координатор за ЕКТС на студиските програми за француски, шпански и романски јазик. Од 2019 до 2021 година била раководител на Наставно-научниот колегиум за втор циклус студии од научната област Наука за јазик за странските јазични групи, албански јазик и турски јазик, а во 2023 година е избрана за раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности со тригодишен мандат.
Учествувала во повеќе национални научно-истражувачки проекти: „Јазик, литература и културa во романскиот простор : традиција и иновација“, „Паралелни фразеолошки корпуси“, „Електронски филолошки ресурси“, како и во меѓународни проекти: « DAFLS: Developing Applied Foreign Languages Skills », „Семејно помнење и културно наследство: Ароманци (Цинцари, Власи) во Србија и во Македонија (2019-2021)“, « Méthodologies et pratiques innovantes en didactique du FLE (MEPRID – FLE) », « Widespread Idioms in Europe and Beyond » итн.
Била ментор на дипломски трудови и на магистерски труд и член на комисии за одбрана на дипломски, магистерски и докторски трудови. Била дел од организацискиот одбор на повеќе научни собири, како и член на редакцискиот одбор на зборници на трудови. Учествувала со свои излагања на голем број домашни и меѓународни конференции. Се занимава и со преведувачка дејност: автор е на преводот на книги, статии и друг вид документи од француски на македонски јазик и обратно.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии (избoр на поважни библиографски единици):