Пријавување на нови студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во втор уписен рок во академската 2020/2021 година
Пријавувањето на кандидатите за упис на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во учебната 2020/2021 година во вториот уписен рок ќе се врши по електронски пат и/или со физичко поднесување документи на 15.9. и 16.9.2020 г. од 8:00 до 16:00 ч.
Пред пријавувањето кандидатите задолжително треба да се регистрираат и да извршат електронско пријавување преку IKNOW–системот за идни студенти на УКИМ на www.upisi.ukim.mk.
Бројот на пријавата којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Покрај пријавувањето во iKnow системот (ПРВ ЧЕКОР) кандидатите се должни да се пријават и електронски со испраќање на електронска порака (ВТОР ЧЕКОР).
ПРВ ЧЕКОР
Упатство за регистрирање и пополнување на електронската пријава во IKNOW системот.
Отворете ја веб-страницата www.upisi.ukim.mk.
Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, при секое најавување во системот, користете го истото корисничко име и лозинка – не отворајте нов профил. Пријавата можете да ја менувате во целост сè додека не кликнете на копчето ПРАТИ.
IKNOW–системот (upisi.ukim.mk) овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.
Со користење на IKNOW–системот (upisi.ukim.mk), кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци сè додека не кликнат на копчето ПРАТИ, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на запишувањето.
ВТОР ЧЕКОР
Пријавување и испраќање скенирани/сликани документи на електронска адреса (e-mail) и прикачување на iKnow-системот
Во зависност на која студиска програма конкурирате пријавувањето го правите на соодветната електронска адреса:
СТУДИСКА ПРОГРАМА | Електронска адреса (e-mail) |
– македонски јазик | mj2020@flf.ukim.edu.mk |
– македонска книжевност | mk2020@flf.ukim.edu.mk |
– албански јазик и книжевност наставна насока | alb2020@flf.ukim.edu.mk |
– албански јазик и книжевност преведување и толкување – немајчин | albpitn2020@flf.ukim.edu.mk |
– албански јазик и книжевност преведување и толкување – мајчин | albpitm2020@flf.ukim.edu.mk |
– турски јазик и книжевност – мајчин | turm2020@flf.ukim.edu.mk |
– турски јазик и книжевност – немајчин | turn2020@flf.ukim.edu.mk |
– француски јазик –наставна и преведувачка/толкувачка насока (со можност за почетно ниво) | fr2020@flf.ukim.edu.mk |
– двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност-филолошка насока | fr-ro@flf.ukim.edu.mk |
– романски јазик и книжевност-филолошка насока | ro2020@flf.ukim.edu.mk |
– шпански јазик и книжевност (преведувачка насока) | sp2020@flf.ukim.edu.mk |
– руски јазик (почетно ниво) | rus2020@flf.ukim.edu.mk |
– полски јазик (почетно ниво) | pol2020@flf.ukim.edu.mk |
– двојазични славистички студии – руски и полски јазик (почетно ниво) | rus-pol@flf.ukim.edu.mk |
– германски јазик и книжевност | ger2020@flf.ukim.edu.mk |
– англиски јазик и книжевност | ang2020@flf.ukim.edu.mk |
– општа и компаративна книжевност | okk2020@flf.ukim.edu.mk |
– преведување и толкување – англиски/француски – англиски/германски | pitang2020@flf.ukim.edu.mk |
– преведување и толкување -француски/англиски -француски/германски | pitfr2020@flf.ukim.edu.mk |
– преведување и толкување -германски/англиски -германски/француски | pitger2020@flf.ukim.edu.mk |
– италијански јазик и книжевност | it2020@flf.ukim.edu.mk |
(Документите што треба да се прикачат задолжително треба да бидат скенирани од оригиналниот документ. Документите може да бидат скенирани или сликани со мобилен телефон и потоа да се прикачат во прилог на пријавата. Препорачуваме пријавата да се пополнува на компјутер или лаптоп.)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ (скенирани/сликани што се прикачуваат на iKnow-системот и се испраќат по e-mail)
Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.
– нотарски заверен образец М1/М2 или
– лекарско уверение од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Дополнителното доставување документ за овие кандидати не се зема предвид.
За останатите категории на кандидати се применуваат одредбите од Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2020/2021 година
При евентуални технички проблеми при пријавувањето пишете на: admin@flf.ukim.edu.mk
На Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во вториот уписен рок во учебната 2020/2021 година може да се запишат следниов број студенти:
Филолошки факултет „Блаже Конески“ (бул. „Гоце Делчев“ бр. 9А) (8 семестри) | Редовни (200 евра) | Редовни со школарина (400 евра) | Вонредни (400 евра) | Вкупен број студенти | Студенти - странски државјани (2000 евра) |
---|---|---|---|---|---|
217 | |||||
Македонски јазик и јужнословенски јазици | |||||
- македонски јазик | 32 | 30 | 9 | 71 | |
Македонска книжевност и јужнословенски книжевности | 38 | 30 | 8 | 76 | |
Албански јазик и книжевност | |||||
- наставна насока | 12 | 25 | 5 | 42 | |
- преведување и толкување - немајчин | 14 | 15 | - | 29 | |
- преведување и толкување - мајчин | 14 | 15 | - | 29 | |
Турски јазик и книжевност | |||||
- турски јазик и книжевност – мајчин | 22 | 10 | 9 | 41 | |
- турски јазик и книжевност – немајчин | 22 | 10 | 10 | 42 | |
Романски јазици и книжевности | |||||
- француски јазик- наставна и преведувачка/толкувачка насока (со можност за почетно ниво) | 22 | 10 | 8 | 40 | |
- двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност – филолошка насока | 15 | 5 | 5 | 25 | |
- романски јазик и книжевност – филолошка насока | 20 | 10 | 5 | 35 | |
- шпански и книжевност – преведувачка насока | 18 | 10 | 2 | 30 | |
Славистика | |||||
- руски јазик (почетно ниво) | 25 | 10 | 10 | 45 | |
-полски јазик (почетно ниво) | 9 | 5 | 5 | 19 | |
- двојазични славистички студии- руски и полски јазик (почетно ниво) | 14 | 5 | 5 | 24 | |
Германски јазик и книжевност | 10 | 30 | 15 | 55 | |
Англиски јазик и книжевност | / | 46 | 10 | 56 | |
Општа и компаративна книжевност | 27 | 30 | 10 | 67 | |
Преведување и толкување | - | ||||
- англиски јазик/француски јазик - англиски јазик/германски јазик | / | 27 | - | 27 | |
- француски јазик/англиски јазик - француски јазик/германски јазик | 25 | 25 | - | 50 | |
- германски јазик/англиски јазик - германски јазик/француски јазик | 24 | 25 | - | 49 | |
Италијански јазик и книжевност | 17 | 25 | 10 | 52 |
Рокови за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование
Прв рок | Втор рок | Трет рок | |
Пријавување на кандидатите | 31.8. и 1.9.2020 | 15 и 16.9.2020 | 28.9.2020 |
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) | 3.9.2020 | 18.9.2020 | |
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) | 7.9.2020 | 21.9.2020 | |
Запишување на кандидатите | 10. и 11.9.2020 | 25.9.2020 | 30.9.2020 |
Забелешка:
По реализацијата на вториот уписен рок, за непополнетите места на факултетите, односно студиските програми, Универзитетот, на интернет страницата ќе објави број на слободни места за запишување во третиот уписен рок во учебната 2020/2021 година.
По реализацијата на вториот уписен рок, за непополнетите места на факултетите, односно студиските програми, бројот на слободни места за запишување во третиот уписен рок во учебната 2020/2021 година, ќе биде објавен на интернет страниците на единиците.
Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
1. Индекс, студентска легитимација и пријавни листови
2. Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3)
3. Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.
Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.