Драги студенти,
Со радост ви соопштуваме дека студентската конференција „Како си ми?“ по втор пат го распишува конкурсот за креативно пишување, „Протоѕвезда“!
Целта на овој настан е да ја разгориме креативноста во вас, да вдахнеме повеќе живот во академскиот свет и да создадеме простор каде сите студенти ќе можат слободно да ги споделат своите поетски, прозни или критички текстови.
Темите и стилот се слободни.
Може да учествуваат сите студенти од сите факултети.
Прозните дела можат да бидат фикција и нефикција (со ограничување до 1000 зборови)
Едно поетско дело не треба да надминува две страници
Испратете ги вашите креативни дела на kakosimi.flf@gmail.com до 10-ти март до полноќ!
Сè што ќе биде испратено ќе биде објавено на официјалната страница на „Како си ми?“, а редакцискиот одбор ќе одбере и неколку најдобри текстови кои ќе можат да бидат презентирани и во живо, на 17-ти април.
Тука сме за сите прашања!