Компаративни поетики: Компаративна митологија
Компаративни поетики: Древниот Близок Исток
Компаративни поетики: Глобалниот Среден век
Медиумска писменост и критичко читање
Книжевна антропологија
Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (2007).
Магистрирала на Универзитетскиот колеџ Лондон, на студиската програма Идентитет, Култура и Моќ (2010).
Докторирала на Универзитетот во Кент и на Слободниот универзитет Берлин во рамки на Еразмус мундус програмата Текст и настан во раномодерна Европа (2015).
Од декември 2019 г. Николовска е доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. По дипломирањето на истата катедра во 2007 година, работела како новинарка и продуцентка во неколку локални и меѓународни медиуми сѐ до заминувањето на магистерски студии во Лондон. По завршувањето на докторските студии и неколку постдокторски истражувања во странство, таа се враќа во Скопје и во периодот од 2017 до 2019 година работи како библиотекар-специјалист за ракописи и старопечатени книги во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Го раководи меѓународниот проект „Воведување на медиумската писменост за идните филолози“, поддржан во рамки на петгодишната програма „Младите размислуваат“ на Американската агенција за меѓународен развој (Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, 2022-2023 г.), како и националниот проект „Теренски истражувања и откупување на значајни библиотечни добра“ поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија (НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, 2019 г.).
Има остварено неколку студиски престои во странство: Advanced Academia Fellowship for International Scholars, Centre for Advanced Study Sofia (март – јули 2018 г.); Medieval Slavic Summer Institute Fellowship, Државен универзитет во Охајо (јуни – јули 2017 г.); Europe Next to Europe Fellowship, New Europe College – Institute for Advanced Study in Bucharest (2015-16 г.), Erasmus Mundus Joint Doctoral Fellowship, целосна докторска стипендија доделена од Европската Комисија (2011 – 14 г.).
Член е на Управниот одбор на НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје од ноември 2021 година и на Комисијата за литература и издавачка дејност при Министерството за култура во 2021 и 2022 година.
Учествувала во неколку работилници, меѓу кои и: History on the margins: Marginalia in Early Modern Southeast Europe, 15th – 18th centuries, 1st HEMSEE workshop, Виена, 3 октомври 2019 г.; Knowledge Unlimited: Intellectual Curiosity and Innovation in Byzantium, Institute for Research in the Humanities (IRH-UB) and New Europe College (NEC) , Букурешт, 11-12 февруари 2016 г.
Своите трудови ги презентирала на научни конференции во Лондон, Оксфорд, Њујорк, Скопје, Берлин, Хамбург и Порто. Oдржала и неколку отворени предавања во земјава и во странство (на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, на Државниот универзитет во Охајо).
Книги (книжевни дела – автор, уредник или ко-уредник на антологии):
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии :
Линкови :