Современ италијански јазик 7,8
Италијанската култура и општествениот контекст 1,2
Контрастивна анализа на македонскиот и на италијанскиот јазик 1,2
Практика на преведувањето од македонски на италијански јазик
изведува настава на студиска програма Наука за јазик – Романистика: Рекламите во наставата по италијански јазик
Контрастивна анализа на говор и терминологија (ИТ)
изведува настава на Мастер по конференциско толкување по следните предмети:
Конференциско симултано толкување од македнски јазик (А/А1) на италијански (А2/Б/Б1) и обратно 1,2 или од италијански јазик (Б/Б1/Б2) на македонски (А)1,2
EMAIL: lguido@flf.ukim.edu.mk
Образование :
Дипломирала во 1991 г. на Универзитетот „Ориентале” во Неапол (Италија), на студиската група за модерни јазици и книжевности, отсек: европски студии.
Магистрирала на областа филолошки науки во 2003 г. со тема: „Морфосинтаксички и лексички грешки во изучувањето на италијанскиот јазик од македонски говорители”, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје
Докторирала во 2009 г. на областа филолошки науки со тема „Рекламите на италијански и нивната примена во наставата по италијански како странски јазик” на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје
Работно искуство :
По завршувањето на додипломските студии во Италија, во 1993 г. се преселува во Скопје и започнува нејзината наставно-научна дејност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”: во јуни 1994 г. била избрана за лектор по италијански јазик, во 2009 за доцент, во 2014 г. за вонреден професор, а од 2019 г. е редовен професор во наставно-научните области романистика-италијанистика и преведување.
Била раководител на Катедрата за италијански јазик и книжевност во периодот од 15.9.2020 до 14.9.2023 г.
Учество во проекти :
Учество во меѓународни проекти:
„New Curriculum Model for Italian Studies, TEMPUS JEP 18101 – 2003”, заеднички европски проект на универзитетите во Скопје, Бари, Солун и Ајштет, (2005-2007).
„Преведувањето и наставата на италијански како странски јазик” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје и Универзитетот „Алдо Моро” во Бари, 2014-2015 год.,
„Евалуацијата во наставата по странски јазици и книжевности” на Филолошки Факултет „Блаже Конески” во 2015-2016 год.
Учество во национален научен проект:
„Јазик, литература и култура во романскиот простор: традиција и иновација, на Филолошки Факултет „Блаже Конески”, во Скопје, 2017 год.
Други ангажмани (студиски престои, преведување, работа во комисии и/или одбори, учество во работилници, менторирање, учество во конференции, итн.
Реализирала повеќе студиски престои во Италија и учестувала на многубројни меѓународни обуки, семинари и вебинари на наставници по италијански јазик и на работилници по конференциско толкување.
Учестувала со реферат на повеќе меѓународни научни конференции во земјата и во странство (на Универзитетите во Бари, Белград, Сиена и во Палермо) и со предавања на институции од јавен интерес, културно – информативни центри по разни поводи.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (книжевни дела – автор, уредник или ко-уредник на антологии):
Книги (преводи):
Дел од книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии :
Награди и признанија :
Во 2012 година, за постигањата во доменот на ширење на италијанскиот јазик и култура ѝ е доделено одликувањето Орден за посебни заслуги за развој на италијанската култура (Stella della Repubblica italiana – Cavaliere della Repubblica), и во 2023 година ѝ е доделено одликувањето орденот Ufficiale dell’ordine della Stella d’Italia.