EMAIL: magdalenasim@flf.ukim.edu.mk
Во 2009 година започнува со работа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје како стручњак од практика, а од 2015 година е вработена како лектор по англиски јазик на факултетот. Со писмен превод, како и со консекутивно и симултано толкување активно се занимава од 2003 година до денес и работи со бројни клиенти меѓу кои: Светска банка, Светска здравствена организација, Меѓународна организација на трудот, УСАИД, Британскиот совет во Македонија, Вестминстерска фондација за демократија, EUFound, Стопанска комора на Македонија, Младински образовен форум и други.
Таа зема учество во два меѓународни проекти. Едниот насловен Можности за зајакнување на емоционалната интелигенција како генеричка компетенција кај студентите по преведување и толкување од 2016 до 2018 година, а вториот насловен Интеракција со толкувачи во транзитни зони за бегалци: градење на капацитети и подигнување на свеста во контекст на високото образование (РеТранс) кој започна во 2022 и сè уште е во тек.
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје работи како член во бројни комисии и работни групи меѓу кои и Комисија за составување и прегледување на тестот за проверка на знаењата и умеењата за кандидатите кои ќе конкурираат за запишување на студиската програма по преведување и толкување, Конкурсна комисија за реализација на Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии на студиските програми на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Работна група за Акредитација на нови студиски програми на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за учебната 2023/24 година, Комисија за евалуација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и други.
Исто учествува и на научни конференции со трудови со оригинални научни резултати меѓу кои ќе ги наброиме следниве: VII меѓународна научна конференција „МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК – ИЗВОР НА НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА“, Скопје, 2022, Меѓународен симпозиум „40 години Катедра за турски јазик и книжевност“, Скопје 2017, 2nd INTERNAITONAL CONFERENCE ON SOCIAL SCIENCES AND HUMANITIES (ICSSH2017) – “Changing the world: Challenges, Opportunities and Responsibilities”, Скопје 2017, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, XLIII Научна конференција, Лингвистика, Охрид, 25-26 јуни 2016, Меѓународна научна конференција „ФИЛКО“, Штип, 2016.
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):