Европскиот политички роман;
Компаратистиката и современите книжевни текови
Маја Бојаџиевска е редовен професор по Општа и компаративна книжевност, вработена на Филолошкиот факултет од 1986 година. Нејзино специфично поле на интерес е книжевноста на 20 век, а жанровски, значаен дел од нејзините истражувања се посветени на романот. Се занимава и со компаративна историја на религиите, компаративна митологија, митокритика и митоанализа, студии на родот и феминистичка критика. Постдипломските студии ги завршила во Белград, каде што магистрирала, а докторските истражувања ги изведувала во Париз (1995-1997), по што докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во Париз престојувала во периодот од (1999-2007), имала неколку подолги постдокторски престои на универзитетот Paris-Nord и Nouvelle Sorbonne.
Таа е автор и приредувач на десетина книги од областа на книжевната компаратистика, а има публикувано и тринаесет книги преводи на теориска литература и белетристика од француски, англиски, хрватски и бугарски јазик.
Бојаџиевска учествувала во наставата на постдипломските студии по Наука за книжевноста на Филолошкиот факултет (од 2001 година), и во својство на ментор на многубројни кандидати на магистерски и на докторски студии. Бојаџиевска била раководител на Катедрата за општа и компаративна книжевност, член на Сенатот при УКИМ (2012-2016) и продекан за меѓународна соработка и наука на Филолошкиот факултет во два мандата (2016-2023). Учествувала во домашни и меѓународни проекти и настапувала на бројни домашни и меѓународни научни конференции. Таа била член на повеќе домашни и меѓународни асоцијации ( ПЕН центарот, светската Асоцијација за компаратистика); била член на управниот одбор на Хелсиншкиот Комитет за човекови права, член на академскиот борд на Истражувачкиот центар за родови студии, Женската програма на ФООМ, како и Претседател на УО на Фондацијата Отворено Општество (2013-2018). Во последните дваесетина години Бојаџиевска била многу активна во рамките на цивилниот сектор, особено во полето на борбата за човекови права и во доменот на високото образование и образовните политики, преку учество во низа проекти и други активности (Хелсиншки комитет на Р. Македонија, ФООМ, Vox Academica). Бојаџиевска е сопственик и главен уредник на издавачката куќа Сигмапрес, основана во 1993 година.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (преводи): Од француски јазик:
Од англиски јазик:
Од бугарски јазик:
од хрватски јазик:
Библиографија на научни и стручни статии :
Стручни предговори за книгите: