ТЕМИ И ПОТТЕМИ ЗА
МЕЃУНАРОДНАТА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ‒ 80 ГОДИНИ ОД КОДИФИКАЦИЈАТА
6–7.5.2025 г.
I.Ј Македонскиот јазик – 80 години од кодификацијата
I.1.Ј Осум децении од донесувањето на македонската азбука и правопис
I.2.Ј Изданијата на правописот на македонскиот литературен јазик и на правописниот речник од 1945 г. до денес
I.3.Ј Граматички описи на македонскиот јазик – 80 години по кодификацијата
I.4.Ј Развојот на македонската лингвистика по кодификацијата на македонскиот јазик
I.5.Ј Придонесот на странските македонисти за проучувањето на македонскиот јазик
II.Ј Улогата и значењето на кодификаторите на македонскиот јазик
II.1.Ј Улогата и значењето на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот јазик
II.2.Ј Крсте Мисирков како претходник на официјалната кодификација на македонскиот јазик
II.3.Ј Личности значајни за кодификацијата на македонскиот јазик
III.Ј Развојот на македонскиот јазик низ уметничколитературниот стил
III.1.Ј Јазикот и стилот на македонските писатели пред кодификацијата
III.2.Ј Јазикот и стилот на повоената македонска проза
III.3.Ј Јазикот и стилот во повоената македонска поезија
III.4.Ј Јазикот и стилот кај современите македонски писатели
IV.Ј Современите состојби во македонскиот јазик
IV.1.Ј Современите контакти на македонскиот со другите јазици
IV.2.Ј Македонскиот стандарден јазик во медиумите
IV.3.Ј Говорениот наспрема пишуваниот македонски јазик
IV.4.Ј Применети истражувања на македонскиот јазик
IV.5.Ј Македонскиот јазик и функционалните стилови
V.Ј Современите лингвистички теории и македонскиот јазик
V.1.Ј Македонскиот јазик во контекст на современите проучувања
V.2.Ј Македонскиот јазик и корпусната лингвистика
V.3.Ј Македонскиот јазик и вештачката интелигенција
VI.Ј Македонскиот јазик во наставата
VI.1.Ј Современите и традиционалните пристапи во наставата по македонски јазик
VI.2.Ј Метајазикот во наставата по македонски јазик
VI.3.Ј Функционалната писменост или македонскиот јазик на дело во наставата
I.К Македонската книжевност – 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик
I.1.K Развојот на македонската наука за книжевност по кодификацијата на македонскиот јазик
I.2.K Македонската азбука и современата македонска книжевност и култура
I.3.K Македонската азбука и македонската книжевност за деца
I.4.K Односот меѓу книжевната иновација и речникот
I.5.K Дали во лингвистиката на Мисирков е вградена првата прагматика и теориски е скициран моделот на македонскиот книжевен читател?
1.6.K Придонесот на странските македонисти за проучувањето на македонската книжевност
II.К Современите состојби во македонска книжевност
II.1.K Современите контакти на македонската книжевност и култура со другите книжевности и култури
II.2.К Македонската пововена книжевност како тест за елстицитетот и семантичката капацитетност на јазикот.
II.3.К Модернизмот и стандардната книжевно-јазична норма: метафората како „јазична отстапка“.
II.4.К Модернизмот и стандардната книжевно-јазична норма: метонимијата како „јазична отстапка“.
II.5.К Модернизмот и неологизмите како стилема – отстапка или потврда?
II.6. Постмодернизмот и стандардната јазична норма: колоковијалот и сленгот спроти книжевната норма.
II.7.К Современа книжевна норма: вистински архаизми и симулации на архаизми (во духот на македонскиот јазик)
II.8.К Современата македонска книжевност и другите уметности (филм, музика, ликовна уметност…)
II.9.К Современата македонска книжевност и медиумите
II.10.К Применети истражувања на македонската книжевност
II.11.К Може ли книжевноста да воскресне стар збор или да создаде нов, кој ќе скокне од книгата во устата на говорителите?
III.K Македонската книжевност во наставата
III.1.K Современите и традиционалните пристапи во наставата по книжевност со посебен акцент на македонската книжевност
III.2.K Функционалната писменост или македонската книжевност и култура на дело во наставата