Граматика на францускиот јазик 1- Морфосинтакса 1
Граматика на францускиот јазик 5 – Синтакса 1
Француски јазик (Б/В) 3
Симултано толкување од француски на македонски јазик 1
Граматика на францускиот јазик 2 – Морфосинтакса 2
Граматика на францускиот јазик 6 – Синтакса 2
Француски јазик (Б/В) 4
Симултано толкување од француски на македонски јазик 2
EMAIL: mvelevska@flf.ukim.edu.mk
Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за француски јазик и книжевност, со латински јазик и книжевност како втор главен предмет, на Студиската група за латински јазик и книжевност (Филозофски факултет – Скопје) и се стекнала со диплома Професор по француски јазик и книжевност со латински јазик и книжевност (1979 г.). Магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, со труд под наслов Компаративни систем и његове реализације у данашњем француском језику (1989 г.). Со научниот степен доктор на филолошки науки се стекнала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, по одбраната на дисертацијата под наслов Инфинитивните конструкции во францускиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик (2001 г.). Од 1981 г. работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за романски јазици и книжевности (како стажант, потоа помлад асистент, асистент, доцент, вонреден професор и редовен професор), а држи предавања и на Катедрата за преведување и толкување. Предава предмети од областа на граматиката на францускиот јазик (морфосинтакса, синтакса) и симултано толкување од француски на македонски јазик. Била ментор и член на комисии за одбрана на голем број дипломски, магистерски и докторски трудови. Учествувала на голем број домашни и меѓународни конференции. Преведува од француски јазик (книги, статии, документи). Студиски престои во Франција и Белгија.
Била продекан за меѓународна соработка на Филолошкиот факултет „Б. Конески“ (2001-2003), претседател на ЗПФРМ (2004-2007), раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности во два мандата (2007-2009, 2009-2011), раководител на постдипломските специјалистички студии по Јазици, бизнис и меѓународна трговија, во соработка со Универзитетот во Орлеан, Франција (2007-2013), член на Универзитетскиот сенат на УКИМ во два мандата (2012-2016, 2016-2020), претседател на Државната комисија за матурски испит по француски јазик (2007-2023).
Учествувала во повеќе национални и меѓународни научно-истржувачки апроекти: (2005-2007) Меѓународен проект за отворање постдипломски студии по Јазици, бизнис и меѓународна трговија, Филолошки факултет „Б. Конески“ и Универзитетот во Орлеан, Франција (двојна диплома); (2005-2015) Национална програма за развој на образованието во РМ, Европско јазично портфолио, МОН на РМ; (2002-2007) Проект за воведување Државна матура и завршен испит во средното образование, МОН на РМ; (2012-2013) Méthodologies et pratiques innovantes en didactique du FLE (MEPRID – FLE), Универзитет во Крајова (Романија), Филолошки факултет „Б. Конески“-Скопје, Универзитетите „Бриусов“, Ерменија, Дунареа де Јос“, Галаци, „Стефан чел Маре“, Сучава, „Бабеш-Болиаи“, Клуж-Напока; (2014-2015) Македонско-романистички јазични, книжевни и преведувачки релации (2000-2015), Филолошки факултет „Б. Конески“; (2016-2017) Јазик, литература и култура во романскиот простор: традиција и иновација, Филолошки факултет „Б. Конески“; (2020-2023) Меѓународен проект Применети странски јазици (DAFLS: Developing Applied Foreign Languages Skills), Универзитет во Каен, Франција, Филолошки факултет „Б. Конески“ и Филолошки факултет во Белград.
Книги:
Книги (преводи од француски јазик):
Библиографија на селектирани научни и стручни стaтии: