Современ француски јазик 1 и Француски јазик (Б)1
Современ француски јазик 2 и Француски јазик (Б)2
Современ француски јазик 3 и Француски јазик (Б)3
Современ француски јазик 4 Француски јазик (Б)4
Француски јазик (В)1
Француски јазик (В) 2
Толкување од француски јазик (В) на македонски јазик 3
Подготовка за преведување и толкување-Француски јазик
Милена Касапоска-Чадловска дипломирала во 2005 година на Катедрата за француски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистерската теза, на тема: „Конструкциите со партицип на презент во францускиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик“, ја одбранила во 2010 година на истиот факултет. Во 2016 година, по одбраната на докторската дисертација со наслов „Атрибутивните конструкции во францускиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик“ се стекнала со научен степен доктор на филолошки науки. Професионалната кариера ја започнала во 2005 година, кога е ангажирана како лектор по француски јазик на Интердисциплинарните студии по јавна администрација при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Во 2007 година засновала редовен работен на истиот универзитет, на којшто до 2021 година предавала стручен француски јазик на неколку универзитетски единици (Правен факултет, Факултет за туризам и угостителство, Биотехнички факултет, Факултет, Факултет за информациски и комуникациски технологии). Истовремено, во повеќе наврати била ангажирана како надворешен соработник на Катедрата за романски јазици и на Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, за предметите: Граматика на францускиот јазик 5 – Синтакса 1, Граматика на францускиот јазик 6–Синтакса 2, Граматика на францускиот јазик 3 – Фонетика и фонологија, Корективна фонетика на францускиот јазик, Француски јазик како изборен предмет, Симултано толкување од француски на македонски и од македонски на француски јазик, Консекутивно толкување од француски на македонски и од македонски на француски јазик. Во 2021 година се вработила како лектор по француски јазик на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Касапоска-Чадловска се јавува како раководител и учесник на повеќе домашни и меѓународни научни проекти (Електронска база на усни продукции од македонски изучувачи на францускиот јазик; Синергија во билингвалното образование; Француски јазик без граници, Проект за превод на стручни трудови на македонски јазик и др.). Следела голем број стручни обуки во земјата и во странство, учествувала во бројни работилници, а реализирала и обуки на следните теми: Медијацијата на часот по француски јазик; Француски јазик во областа на човековите права; Француски јазик за правници, Граматиката на францускиот како странски јазик од комуникативен аспект; Зајакнување на усните јазични компетенции на изучувачите на францускиот јазик и др. Зела учество во многу домашни и меѓународни конференции, симпозиуми и стручни собири, на кои редовно се претставува со свои трудови. Во 2017-2018 година, Милена Касапоска-Чадловска била претседател на Здружението на професорите по француски јазик на Р. Македонија, во чијашто работа и денес активно учествува како член на испитни комисии за натпреварите по француски јазик за ученици од средно и основно образование. Касапоска-Чадловска е член на голем број рецензентски комисии, комисии за одбрана на дипломски трудови и редакциски одбори на меѓународни научни собири.
Библиографија на научни и стручни статии :