Преведување од македонски на англиски јазик и обратно (Б) 3
Преведување од македонски на англиски јазик и обратно (Б) 4
Контрастивна анализа на македонскиот јазик и на англискиот јазик за ПИТ 1
Контрастивна анализа на македонскиот јазик и на англискиот јазик за ПИТ 2
Терминологија за преведувачи и толкувачи 3
Преведувачки алатки 2
Контрастивна анализа на говор и на терминологија (англиски јазик)
Дипломирала во 2005 година, а магистрирала во 2010 година. Во 2014 година ја одбранила докторската дисертација под наслов „Лексиката во преводите од англиски на македонски јазик на научна и стручна литература од економско-финансиската област“.
Има работно искуство во областа на евроинтеграциите во Секретаријатот за европски прашања во Скопје и на меѓународни проекти. Од 2013 е во редовен работен однос на Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет во Скопје. Од 2021 година е ЕКТС координатор на Катедрата за преведување и толкување.
До сега активно учествувала на повеќе домашни и меѓународни проекти, од кои позначајни се: ,,Можности за зaјакнување на емоционалната интелигенција како генеричка компетенција кај студентите по преведување и толкување” во соработка со Институтот за преведување и толкување при Универзитетот во Грац, Австрија; „Осовременување на методите и техниките во наставата по стручен јазик на интердисциплинарни студии по преведување и толкување“, финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; „Психосоцијална поддршка на наставниците и на студентите на Филолошкиот факултет во услови на пандемија“ во организација на Комисијата за унапредување на наставата на Филолошкиот факултет ,,Блаже Kонески” – Скопје, и други.
Активно е вклучена во работата на техничкиот комитет 39 „Јазици и терминологија, превод, толкување и поврзана технологија“ во Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија и во проектот за „Преведување на законодавството на ЕУ Acquis Communautaire на македонски јазик“ во рамките на Секретаријатот за европски прашања во Скопје, а била вклучена и во работата на десеттиот бран на Европското општествено истражување во Република Северна Македонија (поддржано од Европската комисија), во работата на проектот „Преведување на македонски јаизик на повеќејазичниот речник на синоними на ЕУ – Евровок“ (поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка), како и на други меѓународни и национални проекти. Работела и како толкувач на повеќе настани и конференции во Северна Македонија и во странство. Во 2008 година е поставена за постојан судски преведувач по англиски и германски јазик.
Одржува настава на Прв циклус студии по преведување и толкување и на Втор циклус студии по конференциско толкување на Филолошкиот факултет во Скопје, а одржувала настава по јазик и терминологија и на Медицинскиот факултет во Скопје. Од научно-истражувачката дејност, има учество на бројни меѓународни и национални научни конференции од областа на преведувањето и толкувањето, како и на работилници и панел дискусии во оваа област.
Книги
Книги (научни – ко-автор):
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици):