Контрастивни јазични проучувања
Дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ во Скопје, каде е прогласена е за најдобар студент дипломиран во 1997/98 година. Во 2007 ги завршила магистерските студии, а во 2014 година се стекнала и со научниот степен доктор на филолошки науки на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ во Скопје.
По дипломирањето работела како професор по англиски јазик во Центарот за странски јазици, на Воената академија, како и во училиштето за странски јазици ЛингваЛинк. Од 2007 до 2010 работела на Универзитетот Американ колеџ – Скопје, а од 2010 е вработена на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје.
Била вклучена и во повеќе меѓународни проекти: како национален координатор за проектот International Corpus of Learner English (2016-2017) и координатор за проектот Multilingual Student Translation Corpus (2021- во тек) кои се спроведуваат од Центарот за англиска корпусна лингвистика на Католичкиот универзитет во Лувен, Белгија; а од 2023 е и национален координатор во проектот SPEAKEng (SPEAKEng – Survey of People’s Attitudes to and Knowledge of English) организиран од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Исто така, учествувала во следниве меѓународни проекти: Developing applied foreign language skills – DAFLS на Универзитетот во Кан, Нормандија, УКИМ, и Европското здружение за локална демократија (АЛДА) (2020-2023), како и во проектот Processing Instruction for L3 English: Differences between balanced and unbalanced bilinguals? (PI-BI-L3) на Универзитетот во Салцбург и УКИМ (2020- 2022).
Во 1999 се здобива со Advanced Certificate in Education and Professional Development од University of East Anglia во Норич, Велика Британија. Во 2004 е добитник на стипендија од Research Council of Norway, преку која се запознава со примената на корпусната лингвистика во јазичните истражувања на Универзитетот во Берген, Норвешка.
Со свои излагања учествувала на бројни меѓународни конференции, како што се: Ninth International Contrastive Linguistics Conference на Универзитетот во Џенова во 2021; Annual Conference of the British Association for Slavonic and East European Studies 2022 организирана на Универзитетот во Кембриџ, La Grammaire de la Cause III/The Grammar of Causation III International Conference на Универзитетот Сорбона во Париз во 2022 и др.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Книги (преводи):
Библиографија на научни и стручни статии: